fbpx

Ѓубрето може да донесе бактериски инфекции, трихинелоза и стаорци

„Размножувањето на стаорци е многу опасно, тие може да ја пренесат болеста трихинелоза, но и други сериозни заболувања, како на пример, цревните“, предупредува микробиологот проф. д-р Пановски

-

Еколошката катастрофа која му се заканува на главниот град може да предизвика бактериски инфекции и болести, велат експертите додавајќи дека бактериите уште полесно се размножуваат на високи температури од над 38 степени кои се најавени за овој период. Како што објаснува микробиологот проф. д-р Никола Пановски, ваквата состојба ќе придонесе и кон енормно размножување на стаорци, кои пак, носат дополнителни опасности од појава на болести. Особено е опасно што повеќе граѓани буричкаат низ преполните контејнери.

„Има муви и други инсекти, но и мачки и кучиња кои можат да пренесат од тие бактерии на човекот. Тие се патогени, односно ентеробактерии, кои издржуваат висока темпертура, ешерихии и салмонели. Од друга страна, психолошкиот момент е многу лош, а психологијата делува и на имунитетот и на здравјето на луѓето. Депресија е гледањето купишта ѓубре и мирис што се шири“, вели Пановски.

Тој додава дека енормно ќе се размножат стаорци заради поголемата достапност до храна во ѓубриштата.

„Ова е еколошка катастрофа. Размножувањето на стаорци е многу опасно, тие може да ја пренесат болеста трихинелоза, но и други сериозни заболувања, како на пример, цревните“, додава професорот.

Инаку болеста трихинелоза започнува со гадења, повраќања, дијареа, едем на лицето и очните капаци. Можно е да се појават и срцеви и невролошки компликации. Во симптоми спаѓаат и појава на зголемена температура, треска, болки во мускулите.

Во целосен хаос и блокада помина викендот во главниот град откако дел од вработените во ЈП „Комунална хигиена“ протестираа бидејќи не им биле продолжени договорите за работа. Тие го блокираа излезот од претпријатието за да не можат да излезат камионите на терен. Метрополата личи на депонија, а надлежните институции топката си ја префрлаат едни на други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...