Инстаграм Тредс надмина 100 милиони корисници побрзо и од ChatGPT

Марк Закерберг во петокот напиша дека успехот на апликацијата бил „многу над очекувањата“

фото: Threads

Новата апликација на Инстаграм наречена „Тредс“ веќе надмина 100 милиони корисници, притоа достигнувајќи ја оваа бројка побрзо и од четботот ChatGPT, јавува „Врџ“.

Четботот на компанијата „Опен АИ“ ја помина оваа граница за два месеца и со тоа стана најбрзорастечка платформа во тој момент, додека Тредс, која беше лансирана во средата, стигна до 100 милиони за само неколку дена.

Апликацијата стана хит меѓу корисниците речиси веднаш по лансирањето. Во првите два часа доби 2 милиони регистрирани корисници, по што бројката забрзано се искачуваше. Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, во петокот напиша дека успехот на апликацијата бил „многу над очекувањата“.

 

Post by @zuck
View on Threads

 

За споредба, ТикТок достигна 100 милиони корисници за девет месеци, додека на Инстаграм му требаа две и пол години за да ја достигне оваа бројка.