Димитров: Во преговорите со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв

-

Во преговори со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

– Ако има победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитнкот, бидејќи ќе развие ужасен национализам. Мора да најдеме начин двете страни да излезат со чувство дека најважното го заштитиле. Нема да преговараме од страв и не можеме да излеземе со решение што нема да ни ги покрие главните грижи – вели Димотров.

Прашан до каде е подготвена да оди Владата во преговорите и дали ќе има реципроцитет при евентуална промена на имињата на автопатот, спомениците и ревизија на учебници, шефот на македонската дипломатија вели дека за ова прашање не разговарале во Владата.

– Мислам дека е клучно да разбереме дека патриотизмот значи грижа за државноста и дека е клучно да им ги одземеме аргументите на оние политички сили во Грција, коишто имаат интерес да ја држат блокадата. Во основа и во изјавата на Коѕиас имаше или барем имплицираше дека ова ќе биде двонасочен процес – вели Димитров.

Во врска со динамиката со која ќе се одвиваат преговорите, министерот за надворешни работи вели дека тоа ќе зависи од проценката на посредникот Метју Нимиц и од извештаите и престојните состаноци и самити на ЕУ и на НАТО, како и од изборните циклуси во Македонија и во Грција.

Димитров не сакаше да го коментира барањето на МПЦ-ОА до Бугарската православна црква да ѝ биде црква мајка, додавајќи дека тоа е прашање за црковните власти и за нивниот напор да се обезбеди автокефалноста.

– Можеби од ова отворање со Бугарија извлекле некаков импулс. Сепак би се воздржал да коментирам какви ќе бидат импликациите. Сепак е тоа работа на МПЦ – подвлече Димитров.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...