понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: БПЦ | 23 резултати

БПЦ одби да учествува на 1.000-годишнината на Охридската архиепископија

мај 15, 2018

Бугарската православна црква (БПЦ) на вчерашната седница на Синодот категорично ја одби поканата од македонскиот архиепископ Стефан нејзини претставници да учествуваат во свеченоста за одбележување на 1.000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, на 27 мај во Охрид. Предлогот да се одбие поканата бил на Русенскиот митрополит, Наум. За решението да не се испратат архиереи на […]

МПЦ ја покани БПЦ на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија, СПЦ ќе слави посебно

мај 11, 2018

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ја поканила Бугарската православна црква (БПЦ) на одбележувањето на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија. Поглаварот г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврдува дека поканата е испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Според најавите […]

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА и односите со БПЦ

мај 2, 2018

Барањето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) до Бугарската православна црква (БПЦ) да и биде мајка-црква, како и новата територијална организација на СПЦ што релативно ја засега и Македонија, се работите за кои ќе се дискутира на пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ). Синодот на СПЦ досега формално […]

Рускиот патријарх Кирил и бугарскиот Неофит ќе разговарат за статусот на МПЦ-ОА

март 2, 2018

Статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе биде тема на средбата на бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил, кој денеска и утре е во посета на Софија по повод одбележувањето 140 години од ослободувањето на Бугарија од османлиското ропство. Тоа го потврди бугарскиот митрополит Антониј во изјава за Бугарската национална телевизија, посочувајќи […]

Иринеј: Зад договорот помеѓу БПЦ и МПЦ стои политичка позадина

јануари 3, 2018

Зад односите меѓу БПЦ и МПЦ има политичка позадина вели српскиот патријарх Иринеј во интервју за весникот „Печат“. За новонастанатата ситуација со Бугарската православна црква, чиј Синод ја прифати улогата на мајка црква на македонската црква со што таа би обидела да стекне легалност и автокефалност, Иринеј вели дека се работи за чиста фарса. Во […]

Г.г. Стефан и патријархот Неофит: Едногласно одлучивме БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ

декември 21, 2017

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан денеска бил примен од патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Станува збор за прва средба на поглаварите на двете цркви, откако БПЦ прифати да и биде мајка црква на МПЦ, како чекор кој треба да доведе до признавање […]

Грчката црква „се моли“ сестринската БПЦ да не и биде „мајка црква“ на МПЦ

декември 16, 2017

Светиот aрхиерејски синод на грчката црква на завчерашното заседание ја разгледал одлуката на БПЦ да го прифати барањето, како што се вели во соопштението, „на расколничката црква“ да ја преземе улога на нејзина „мајка црква“. „По тој повод, Светиот синод ја изразува својата загриженост, заради фактот на мешање, со таа одлука, на Бугарската православна црква […]

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

декември 7, 2017

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за […]

Поглаварите на СПЦ и на БПЦ утре во Москва на средба кај рускиот поглавар

ноември 30, 2017

Рускиот патријарх Кирил утре во Москва ќе се сретне со бугарскиот патријарх Неофит и со српскиот патријарх Иринеј, во рамки на Серускиот православен собор. Со бугарскиот патријарх ќе патуваат и дел од владиците што се во составот на комисијата што Бугарската православна црква ја оформи за да разговара со другите помесни православни цркви за статусот на Македонската […]

Агатангел: Одлуката на БПЦ е навреда кон МПЦ, македонскиот народ и нација

ноември 27, 2017

Владиката Агатангел, кој е на чело на Повардарската епархија, со писмена реакција се оградува од соопштението на МПЦ – ОА , со кое таа ѝ се заблагодарува на БПЦ за одлуката да прифати да биде црква мајка. „Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – […]

Заев: Како православен верник, радосен сум за одлуката на БПЦ

ноември 27, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го прифати барањето на Македоднската православна црква – Охрдиска архиепископија да ѝ биде мајка црква и додаде оти е среќен што градењето пријателства дава резултати. Тој истакна дека со ова се прави напредок во процесот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. – Како […]

МПЦ: Решението на БПЦ дава надеж за конечно решение на нашата автокефалност

ноември 27, 2017

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) изрази благодарност до бугарскиот патријарх Неофит и до членовите на Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква, кои денеска донесоа решение за да прифатат да бидат мајка црква на МПЦ. „Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на […]

БПЦ прифати да ѝ биде мајка црква на МПЦ

ноември 27, 2017

Синодот на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија го прифати барањето да и биде мајка црква на Македонската православна црква и да ја застапува пред помесните православни цркви. Синодот на БПЦ на денешното заседание во комплетен состав го разгледа писмото од архиепископот на МПЦ- ОА, г.г. Стефан, испратено на 9 ноември. „Бугарската православна црква – […]

Треба да ја прифатиме подадената рака од МПЦ, вели бугарскиот патријарх Неофит

ноември 27, 2017

Синодот на Бугарската православна црква денеска ќе го разгледа писмото на МПЦ-ОА со кое таа бара да биде признаена како независна црква, а БПЦ да биде нејзина мајка црква. Пред почетокот на седницата, бугарскиот патријарх Неофит изјави дека треба да се прифати подадената рака на МПЦ. Сепак, одлуката нема да биде донесена веднаш, туку ќе биде […]

Владиката Наум: Барањето БПЦ да биде наша мајка црква е нормално, логично и потребно

ноември 26, 2017

Барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да ја прифати Бугарската православна црква (БПЦ) како мајка црква е нормално, логично и потребно, пишува струмичкиот митрополит Наум во анализата за бугарската новинска агенција БГНЕС. Митрополитот Наум во својата кратка анализа ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, на ден пред БПЦ да го разгледува […]

Димитров: Во преговорите со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв

ноември 26, 2017

Во преговори со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. – Ако има победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитнкот, бидејќи ќе развие ужасен национализам. Мора да […]

БПЦ ќе бара начин успешно да се реши прашањето на МПЦ, порача патријархот Неофит

ноември 23, 2017

Светиот синод на Бугарската православна црква ќе расправа за барањето на Македонската православна црква, соопшти бургаскиот патријарх Неофит, додавајќи дека БПЦ за автокефалноста на МПЦ ќе разговара и со другите помесни православни цркви. Патријархот Неофит го запознал бугарскиот претседател Румен Радев со писмото на МПЦ, во кое се бара евхаристичкото единство на БПЦ со МПЦ. […]

Заев и Борисов не сакаат да се мешаат – ги охрабруваат црквите да најдат решение

ноември 23, 2017

Македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска изјавија дека го почитуваат секуларниот карактер на двете држави и не сакаат да се мешаат во работата и во соработката на двете цркви, но оти можат да ги охрабрат да најдат решение во духот на добрососедството и на пријателството. – Јас се надевам дека ќе […]

Агатангел: Синодот не беше едногласен за писмото до БПЦ, јас се спротивставив

ноември 21, 2017

Владиката Агатангел, кој е на чело на Повардарската епархија, денеска преку соопштение изрази несогласување со писмото на Синодот на МПЦ-ОА упатено до Синодот на Бугарската православна црква, со кое се бара БПЦ да се прогласи за мајка црква на МПЦ. Тој вели дека се спротивставил во Синодот на таквиот потег, односно дека тезата за мајка […]

Страна 1 од 1