fbpx

Треба да ја прифатиме подадената рака од МПЦ, вели бугарскиот патријарх Неофит

-

Синодот на Бугарската православна црква денеска ќе го разгледа писмото на МПЦ-ОА со кое таа бара да биде признаена како независна црква, а БПЦ да биде нејзина мајка црква.

Пред почетокот на седницата, бугарскиот патријарх Неофит изјави дека треба да се прифати подадената рака на МПЦ. Сепак, одлуката нема да биде донесена веднаш, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба да ги информира другите православни цркви и да го слушне нивното мислење за барањето на МПЦ-ОА.

– Решението за Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се бара толку многу години, затоа што е сложено и треба многу добро да се осмисли, а решението да се донесе со мнозинство и сите православни цркви да имаат јасна претстава за прашањето за автокефалноста, што не беше разгледувано на минатиот Сеправославен собор на Крит – рече патријархот Неофит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...