петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: МПЦ ОА | 21 резултати

МПЦ ја покани БПЦ на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија, СПЦ ќе слави посебно

11 мај 2018

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ја поканила Бугарската православна црква (БПЦ) на одбележувањето на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија. Поглаварот г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврдува дека поканата е испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Според најавите […]

Саборот на СПЦ ќе расправа за МПЦ-ОА и односите со БПЦ

2 мај 2018

Барањето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) до Бугарската православна црква (БПЦ) да и биде мајка-црква, како и новата територијална организација на СПЦ што релативно ја засега и Македонија, се работите за кои ќе се дискутира на пролетното заседание на Светиот архиерејски сабор на Српската православна црква (СПЦ). Синодот на СПЦ досега формално […]

Почнува Велигденскиот пост

19 февруари 2018

Од денеска до 7 април, во текот на седум седмици, православните христијани ќе ги одбележуваат Велигденските пости, со воздржување од мрсна храна, лошо однесување и лоши помисли. Вчера на Прочка, тие побараа простување еден од друг. Македонските владици преку веб страници на епархиите со коишто управуваат, порачуваат поради различната состојба, односно има и болни и […]

Православните верници го слават Богојавление – Водици

19 јануари 2018

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, […]

Г.г. Стефан и патријархот Неофит: Едногласно одлучивме БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ

21 декември 2017

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан денеска бил примен од патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Станува збор за прва средба на поглаварите на двете цркви, откако БПЦ прифати да и биде мајка црква на МПЦ, како чекор кој треба да доведе до признавање […]

Владиката Наум: Барањето БПЦ да биде наша мајка црква е нормално, логично и потребно

26 ноември 2017

Барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да ја прифати Бугарската православна црква (БПЦ) како мајка црква е нормално, логично и потребно, пишува струмичкиот митрополит Наум во анализата за бугарската новинска агенција БГНЕС. Митрополитот Наум во својата кратка анализа ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, на ден пред БПЦ да го разгледува […]

Димитров: Во преговорите со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв

26 ноември 2017

Во преговори со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. – Ако има победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитнкот, бидејќи ќе развие ужасен национализам. Мора да […]

Заев и Борисов не сакаат да се мешаат – ги охрабруваат црквите да најдат решение

23 ноември 2017

Македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска изјавија дека го почитуваат секуларниот карактер на двете држави и не сакаат да се мешаат во работата и во соработката на двете цркви, но оти можат да ги охрабрат да најдат решение во духот на добрососедството и на пријателството. – Јас се надевам дека ќе […]

Национална петиција во Бугарија за поддршка на БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ-ОА

22 ноември 2017

Во Бугарија почнала национална петиција за јавна поддршка на Бугарската православна црква да прифати да ѝ биде мајка -црква на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Петицијата почнала неколку часа откако десетици истакнати јавни личности, научници, новинари и потомци на видни семејства од Македонија ја повикале Бугарската патријаршија „да […]

Агатангел: Синодот не беше едногласен за писмото до БПЦ, јас се спротивставив

21 ноември 2017

Владиката Агатангел, кој е на чело на Повардарската епархија, денеска преку соопштение изрази несогласување со писмото на Синодот на МПЦ-ОА упатено до Синодот на Бугарската православна црква, со кое се бара БПЦ да се прогласи за мајка црква на МПЦ. Тој вели дека се спротивставил во Синодот на таквиот потег, односно дека тезата за мајка […]

Охрид денеска и утре е домаќин на одбележувањето на 50-годишнината на МПЦ

30 септември 2017

Во Охрид, градот во кој пред половина век е прогласена автокефалноста на МПЦ, денеска и утре се одбележува црковниот јубилеј. На  17 јули 1967 година на свечена седница во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид,  Светиот архиерејски синод на МПЦ, во состав митрополитот македонски Доситеј, епископот преспанско-битолски Климент, епископот злетовско-струмички Наум, епископот дебарско-кичевски Методиј и […]

МПЦ-ОА: Договорот со Бугарија може да помогне во решавањето на црковните прашања

25 септември 2017

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, покрај регулирањето на општествената сфера, можат да помогнат и во решавањето на отворените црковни прашања, се вели во соопштението на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) по денешната седница на Светиот архиерејски синод. „Во оваа јубилејна година за МПЦ – ОА, владите на Република Македонија и на […]

Поглаварот и владици на МПЦ побараа од Владата поддршка за решавање на проблемите

14 јули 2017

На средба која денеска премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи, за образование и за култура, Оливер Спасовски, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски, ја имале со поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, и со владиците Тимотеј, Наум и Климент, црковните великодостојници се пожалиле на бројни проблеми на црквата и побарале поддршка за нивно […]

Г.г. Стефан: Тешко ги договараме работите од национален и државен интерес

21 април 2017

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска aрхиепископија, г.г. Стефан, по служењето на архиерејската литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Тетово, по повод празникот Источен Петок, во својата беседа повика на обединување на македонскиот народ и на заштита на државните интереси. – Ние, но особено други забележале дека сме добродушен, кроток, гостопримлив народ. За други […]

Петар Рупев од населбата Варош го фати крстот во Охрид

19 јануари 2017

Петар Рупев, од охридската населба Варош, беше најсреќниот кој прв стигна до крстот во осветеното Охридско Езеро. За централната манифестација по повод празникот Богојавление – Водици во Охрид, беа пријавени околу 300 лица, на кои не им пречеа студените води на езерото, од само 6 Целзиусови степени. На Рупев, кој по четврти пат го фаќа […]

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици

19 јануари 2017

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, […]

Државниот врв денеска на традиционален божиќен ручек кај г.г. Стефан

9 јануари 2016

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), г.г. Стефан, по повод празнувањето на архиѓаконот и првомаченик Свети Стефан и трет ден Божиќ, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. Како што е најавено, на божиќниот ручек ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, […]

Страна 1 од 1