По заедничката богослужба со поглаварот на СПЦ, г.г. Стефан очекува и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

-

На Литургијата на помирување, која денеска се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан рече дека раната која болеше цели 55 години е излекувана и изрази надеж дека деновиве ќе се случи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј кој само по неколку дена по Вселенската патријаршија донесе одлука за воспоставување канонско единство меѓу нашите цркви. Го покажавме заедништвото во најсветото, покажавме дека само заедно и како едно во ерата и го потврдивме единството меѓу нашите две цркви и со тоа со сите други православни цркви. Веруваме дека уште деновиве ќе доживееме полна радост, одлука од ваша страна. Знаеме дека сте подготвени повеедецениската тага да се претвори во радост“, порача г.г. Стефан.

Поглаварот на СПЦ Профириј рече дека се согласиле дејствувањето да биде обратна пирамида, а не според прирамидалната поставеност на црквата. Односно народите да бидат на врвот, а тие на дното.

Тој исто така искажа задоволство дека заедничката литургија за помирување со Македонската црква значи крај на 55 -годишниот раскол.

На литургијата присуствуваше и поглаварот на Православната охридска архиепископија (ПОА), Јован Вранишковски, кој во земјава беше осуден на затворска казна за перење и проневера на пари од МПЦ.

Тој, зборувајќи на српски јазик, упати благодарност до поглаварот на СПЦ Порфириј, за како што рече, добрата волја и големата упорност за проблемот на расколот конечно да се реши и до МПЦ-ОА Стефан за покажаната подготвеност за лична жртва да ги понесе озборувањата на нецрквените луѓе во РСМ.

Изминатиот викенд српски медиуми информираа дека црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија, ќе се претопи во МПЦ-ОА, а тој ќе замине во пензија поради нарушено здравје.

Соборот на Српската православна црква (СПЦ) пред два дена соопшти дека за македонската црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, што ѝ бил доделен уште во 1959 година откако на 9 мај Светиот Синод на Вселенската патријаршија донесе одлука свештенството и верниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) да се примат во евхаристиско (литургиско) единство, односно ја признава како црква со своја организација, но која не е автокефална.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски вчера упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија.

Во писмото претседателот Пендаровски оцени дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници.

Тој изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество.

Благодарност за внесување во канонско единство на МПЦ-ОА до Вселенскиот патријарх пред неколку дена упати и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Денеска преку соопштение во медиумите се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој изрази поддршка за одлуките на г.г. Стефан и потенцира дека и архиепископот Стефан и владиците во Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ и православните верници и затоа повика на единство.

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...