fbpx

Поглаварот и владици на МПЦ побараа од Владата поддршка за решавање на проблемите

-

На средба која денеска премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи, за образование и за култура, Оливер Спасовски, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски, ја имале со поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, и со владиците Тимотеј, Наум и Климент, црковните великодостојници се пожалиле на бројни проблеми на црквата и побарале поддршка за нивно решавање, се вели во соопштение од Владата.

„Премиерот Заев соопшти дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја има целосната поддршка на Владата во затворање на сите посочени проблеми, низ меѓусебен дијалог и консултации“, стои во соопштението.

Претставниците на МПЦ се пожалиле на образовни проблеми, долгогодишна негрижа на црковното културно наследство, узурпација на црковно земјиште и дека досега немало политичка волја за нивно решавање. Посочиле и дека Богословскиот факултет се соочува со финанскиски проблеми, што Црквата не може самостојно да ги покрие, па побарале факултетот од придружна членка на УКИМ да биде интегриран целосно во Универзитетот, исто како и средното Богословско училиште во образовниот систем, за да може учениците по завршувањето да имаат можност за избор на кој факултет ќе се запишат. На маса биле и проблемите со црковните имоти и со оштетувања на иконите во Музејот на Македонија.

„Посочени се и други бројни примери, при што поради негрижа од државата, се оштетени вредни икони, како, на пример, во Музејот на Македонија. На средбата се разговараше и за можноста за враќање на одземеното земјиште од Црквата, кај манастирот Свети Наум“, се вели во владиното соопштение.

Премиерот Заев и министрите најавиле посветеност и волја низ заеднички работни и консултациски тимови да се најдат соодветни решенија за сите прашања и проблеми. Претставниците на МПЦ, според Владата, ја поздравиле отвореноста на премиерот Заев и на Владата за принципиелна соработка во интерес на граѓаните и на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...