fbpx

Дезинформација е дека тештата на Зеленски поседува вила во Египет

Самиот сопственик на фирмата која го поседува луксузниот комплекс во Египет, Наџиб Сауирис на Твитер објави дека е дезинформација оти Зеленски или кој било од неговата фамилија купил имот во неговиот комплекс

-

Самиот сопственик на фирмата која го поседува луксузниот комплекс во Египет, Наџиб Сауирис на Твитер објави дека е дезинформација оти Зеленски или кој било од неговата фамилија купил имот во неговиот комплекс (комплексот што го управува неговата фирма), туку дека вилата е во сопственост на египетско семејство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

На име Олга Кијашко купена вила за 5.000.000€ во Египет! Ташта-баба на В.Зеленски!!

Меѓутоа, изнесеното во објавата, дека мајката на сопругата на украинскиот претседател наводно купила вила во Египет од 5 милиони евра, е чиста невистина.

Сопственикот на луксузниот туристички комплекс Ел Гуна во Египет, „Ораском Девелопмент” ги негираше информациите дека семејството на украинскиот претседател Зеленски, поседува вила во одморалиштето.

Информациите кои што циркулираа на интернет се целосно лажни, додаде компанијата во соопштението, пренесува Ahram online на англиски јазик.

Како што се додава, компанијата е посветена на заштита на приватноста на клиентите и не споделува информации или детали за своите клиенти, но сепак, по прегледувањето на записите, не нашле докази дека Зеленски, или кој било член од неговото семејство поседувал имот во Ел Гуна, туристичко место 20 км северно од Хургада.

Компанијата, исто така, соопшти дека информациите на социјалните мрежи, коишто вклучуваат и фотографија од вила за која лажно се тврди дека е на мајката на сопругата на Зеленски, всушност, е фотографија од вила во сопственост на семејство од Египет.

Исто така и фотографиите од наводниот „договор” за купопродажба на вилата се лажни и фалсификувани, односно претставуваат монтажа. Тие не се споделени во постот што го рецензираме, меѓутоа на странски платформи ги има, како наводен „доказ” за купувањето на вилата.

Фотографиите од наводниот договор, исто така, се лажни и обрасците на договорите на компанијата не се совпаѓаат со сликите кои беа споделени, додаде фирмата.

Дезинформацијата дека мајката на сопругата на Зеленски наводно купила вила од 5 милиони евра во Египет, почнаа да циркулираат на социјалните мрежи кога египетски блогер, кој се претставува како Мохамед Алави, во видео на Јутјуб тврдеше дека семејството на украинскиот претседател стекнало вила со помош на парите од хуманитарната помош наменета за поддршка на Украина. Самиот сопственик на фирмата која го поседува луксузниот комплекс во Египет, Наџиб Сауирис на Твитер објави дека е дезинформација оти Зеленски или кој било од неговата фамилија купил имот во неговиот комплекс (комплексот што го управува неговата фирма). Станува збор за познат египетски бизнисмен, милионер. Во дезинформацијата се ширеше и фотографија од вила, наводно во сопственост на мајката на Зеленски, Олена Зеленска, ама и таа фотографија е од имот на египетско семејство. Во склоп на целата дезинформациска кампања кружеше и лажен договор за купопродажба. Јутјуб каналот од каде почна лагата, беше избришан, ама други корисници го симнале видеото, и го споделуваат преку различни други платформи.

Како што пишува Еуро Деј Франс, повторувачка тема во антиукраинската пропаганда е дека Зеленски има имот насекаде во светот. Во 2022 година лажно го обвинуваа дека купил вила на Флорида, исто од 5 милиони долари. Покрај тоа, Јутјуб видеото од каде потекна дезинформацијата за вилата во Египет, било објавено од канал кој постоел само 1 месец.

Володимир Зеленски и неговото семејство постојано е напаѓано и дискредитирано, лажно претставувано дека ја злоупотребува помошта од Западот за одбрана од руската инвазија, сето тоа како дел од пропагандата на Кремљ.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...