fbpx

Цените на бензините се зголемуваат за половина денар, кај дизелот нема промени

-

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука да се зголемат цените на бензините за половина денар, а на дизелот цената останува со иста.

Од ноќеска на полноќ, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 60 денари за литар, а на „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг, додека екстра-лесното масло за горење од ноќеска на полноќ ќе се продава за 51,50 денари за литар.

Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати од 1 септември се зголемуваат во просек за 0,52 проценти во однос на минатонеделната одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...