fbpx

На 450 тестирања, изминатово деноноќие регистрирани само 11 нови случаи на ковид-19

-

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во земјава се направени 450 тестирања за ковид-19, што е речиси двојно помала бројка отколку во последниот извештај и многу пониска од бројките на тестирање во изминавата седмица. Притоа, евидентирани се само 11 нови случаи на ковид-19, што е бројка од рангот на бројките на новозаразени лица на почетокот на епидемијата во земјава.

Од новодијагностицираните, во Скопје се евидентирани три случаи, а по еден нов случај е евидентиран во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.

Истовремено, Институтот за јавно здравје регистрирал 95 оздравени пациенти, од кои од Скопје се 44, од Штип 16, Прилеп 3, Велес 2, Кавадарци 4, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 2, Кочани 2, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Виница 3, Свети Николе 11, Кичево 1 и Неготино 1.

Починати се три лица – пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...