fbpx

Цената на бензините и дизелот од ноќеска пониска за 3 до 5 денари по литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 16.03.2020 година, информираат од комисијата.

Од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5 денари и ќе изнесува 49,50 денари за литар. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 4,50 денари и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 52,00 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3 денари. Од 24 март, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 45,50 ден за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 34,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,195 ден/кг и ќе изнесува 18,738 ден/кг.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски посочува да не се шират шпекулации во врска со цената на нафтените деривати. Тој посочува дека комисијата е единствено надлежна за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и за истите секој понеделник носи одлука.

„Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата кои од позиции во институциите шират шпекулации на цените на нафтените деривати пред официјално да се објават. Упатувам апел во оваа вонредна состојба сите да сме одговорни. Секоја шпекулација може да се одрази врз  економските текови кои се хипер сензитивни во овој период“, се наведува изјавата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски во испратеното соопштение од нивна страна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...