fbpx
Свет Страница 664

Свет

Грција: Банките отворени, но финансиските проблеми на компаниите се нерешени

Отворањето на банките не ги реши сите проблеми во државата. Граѓаните и понатаму може да повлекуваат само 60 евра дневно, а банките, главно, може да им служат за плаќање сметки, земање нови платежни картички и за активирање на услугите за електронско банкарство за трансакциите...

Укинувањето на санкциите кон Иран, најрано за половина година

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека почетокот на укинувањето на санкциите кон Иран може да се очекува најрано за половина година. Во ексклузивно интервју за „Гласот на Америка“, Кери истакна дека „постојат одредени работи кои мора да ги направат Техеран и Меѓународната агенција...

Русија: Воените вежби на НАТО во Украина се провокација

Русија ја оцени како провокација воената вежба на Западот на Украина, во која се вклучени и членките на НАТО. Александар Грушко, руски пратеник во Северноатлатскиот сојуз, изјави дека маневрите ја „попречуваат“ примената на мировниот договор од Минск. Украинското министерство за одбрана соопшти дека во вежбите се...

Владата на Ципрас утре на нов тест во парламентот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас тактизира за полесно да се изгласа втората листа приоритетни мерки договорени со кредиторите. Пред грчкиот парламент, кој утре треба да се изјасни за мерките, нема да се најдат две болни мерки како реформирањето на пензинскиот систем преку зголемување на границата...

Северна Кореја не сака дијалог за нуклеарната програма

Северна Кореја соопшти дека „воопшто не е заинтересирана“ за дијалог за откажување од своето нуклеарно оружје, како што тоа го направи Иран. Министерството за надворешни работи соопшти дека нуклеарната програма е „важна како средство за одвраќање“ против американската надворешна политика. Северна Кореја е „држава која поседува...

Двајца загинати и 24 повредени во експлозија во Кина

Најмалку две лица загинаа во експлозија пред парк во градот Хезе во кинеската провинција Шандонг, каде најверојатно, невработен маж извршил самоубиство, јавува кинеската агенција „Синхуа“. Агенцијата наведува дека експлозијата се случила доцна синоќа и оти 33-годишниот Кси Ксинтанг, најверојатно, извршил самоубиство. Од експлозијата се повредени 24...

Давутоглу: Турција ќе ја зголеми безбедноста на границата со Сирија

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, соопштил и дал уверување дека Турција ќе ги зголеми безбедносните мерки на границата со Сирија по вчерашниот бомбашки напад во градот Сурук, во кој загинаа 30 луѓе, јавуваат медиумите. Турските истражни органи сметаат дека експлозијата била предизвикана од жена-самоубиец од редовите...

Претседателот на „Тошиба“ си поднел оставка поради финансиски скандал

Извршниот директор и претседател на јапонскиот технолошки гигант „Тошиба“, Хисао Танака, си поднел оставка на својата позиција откако компанијата соопшти дека во изминатите шест години биле давани неточни податоци, односно биле преувеличувани профитите на фирмата, јавува „Би-Би-Си“. Вчера од „Тошиба“ соопштија дека фирмата ги преувеличила...

Во Средоземно Море забележан брод со 200 мигранти

Грчките власти соопштија дека во Средоземно Море е забележан брод со 150-200 мигранти, до кој допловиле два трговски брода за да им понудат помош или да ги евакуираат мигрантите, доколку тоа е потребно. Во соопштението на грчкото министерство за трговска морнарица се наведува дека, според забележаното,...

Петрле, Станишев и Џамбаски во посета на Македонија

Kопретседавачот на бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ (МПК), Алојз Петрле, и заменик-копретседавачите, Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски, денеска се во посета на Македонија. Евопската тројка ќе се сретне со копретседавачот на Комитетот, Кенан Хасипи, и со заменик-копретседавачот Артан Груби. Според...

Брисел побара целосна и навремена примена на договореното на 15 јули

Потребна е целосна  и навремена примена на Договорот од Пржино, порачаа вечерва од Брисел еврокомесарот Јоханес Хан и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој претседаваше со Советот за стабилизација и асоцијација. Лајчак рече дека македонските претставници - министерот Никола Попоски и министерот за...

Воената парада ќе ја чини Хрватска речиси два милиони евра

Воената парада во Загреб, по повод одбележување на 20-годишнината од воено-полициската акција „Олуја“, ќе ја чини Хрватска меѓу 1,31 и 1,96 милиони евра, пишуваат хрватските медиуми. Настанот е предвиден за 4 август, а од ресорното министерство сè уште не дале прецизен одговор колку ќе чини.

Во Будимпешта се планира состанок за мигрантите

Во Будимпешта наскоро треба да се одржи самит посветен на движењето на мигрантите преку Западен Балкан, најавија денеска од Брисел министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Во соопштението не е прецизирано кога ќе биде одржана конференцијата, но дипломатските извори велат дека најверојатно ќе...

Откриено оружје на езерото Бадовац на Косово

Косовската полиција соопшти дека во близина на езерото Бадовац, на магистралата Приштина - Гљилане, е пронајдено оружје, муниција, униформи и други воени материјали. Случајот е пријавен кај дежурниот обвинител, а на местото каде е пронајдено оружјето е испратена единица за деминирање и патрола од Грачаница....

Киднапирани четворица Италијанци во Либија

Четири италијански градежни работници се киднапирани во Либија, соопшти италијанското министерство за надворешни работи. Работниците се киднапирани околу комплексот на нафтената компанија ЕНИ, на подрачјето на Мелитах, западно од Триполи. Формирана е кризна единица која е во постојан контакт со семејствата на киднапираните. Министерство потсети дека италијанската...

Грција враќа 6,8 милијарди евра од долгот

Грчката влада утринава дала налог за отплата на 6,8 милијарди евра од долгот кон кредиторите, соопшти министерството за финансии. Станува збор за пари кои Грција им ги должи на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и на Централната банка на Грција. ЕЦБ ќе добие 4,2 милијарди...

Грчките банки отворени, а во продавниците нова стапка на ДДВ

Грчките банки по три недели денеска повторно се отворени, но ограничувањата за подигање средства останаа непроменети, освен што неделниот лимит од 420 евра, наместо секој ден по 60 евра, може да се подигнува еднаш неделно. Денеска почнува да се применува и новата стапка на данокот за додадена...

Хеликоптери на САД извршиле напад на пункт на авганистанската војска

Најмалку осум авганистански војници биле убиени во воздушен напад на силите на САД на воен пункт во провинцијата Логар, јужно од Кабул, соопштиле авганистанските власти, пренесува „Би-Би-Си“. Според информациите, два воени хеликоптери на САД го нападнале пунктот, денеска, среде бел ден. Засега не се познати причните...

Иранскиот нуклеарен договор пред американскиот конгрес

Американската администрација вчера го испрати нуклеарниот договор со Иран во Конгресот, со што почнува 60-дневниот рок за носење одлука, за која интензивно ќе лобираат и заговорниците и противниците на договорот. Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, рече дека во согласност со законот, нуклеарната спогодба, постигната...

Единаесет загинати во поплавите во Иран

Најмалку 11 лица загинаа во поплавите што настанаа по обилните дождови што ги зафатија планинските предели во Иран. Поплавите ги зафатија подрачјата кај Техеран, Алборз и кај Кавзин, а меѓу жртвите има и еден кинески државјанин. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека водата однела околу 20 автомобили со...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...