Во Средоземно Море забележан брод со 200 мигранти

Грчките власти соопштија дека во Средоземно Море е забележан брод со 150-200 мигранти, до кој допловиле два трговски брода за да им понудат помош или да ги евакуираат мигрантите, доколку тоа е потребно.

Во соопштението на грчкото министерство за трговска морнарица се наведува дека, според забележаното, мигрантите не се во непосредна опасност и оти временските услови се добри.

Бродот се наоѓа на околу 140 километри југоисточно од грчкиот остров Карпатос, во меѓународни води.

Грција е една од главните дестинации на бегалците од Сирија и од другите завојувани земји од Блискиот Исток, како и на економските мигранти, кои бараат подобар живот во Европа.