fbpx

Иранскиот нуклеарен договор пред американскиот конгрес

-

Американската администрација вчера го испрати нуклеарниот договор со Иран во Конгресот, со што почнува 60-дневниот рок за носење одлука, за која интензивно ќе лобираат и заговорниците и противниците на договорот.

Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, рече дека во согласност со законот, нуклеарната спогодба, постигната во вторникот меѓу Иран и шесте светски сили, испратена е во Конгресот на разгледување.

„Тоа значи дека ревизискиот период од 60 дена почнува в понеделник, 20 јули“, рече Кирби во писмената изјава.
Советот за безбедност на ОН веќе работи на подготовка на гласањето за отстранување на санкциите кон Иран, кои беа дел од договорот за официјален Техеран да се откаже од својата нуклеарна програма. Сепак, отстранувањето на санкциите ќе се случи откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе потврди дека Техеран ги исполнува обврските за намалување на складираното количество збогатен ураниум.

Санкциите беа воведени пред девет години и го погодуваат иранскиот финансиски сектор, на кој му се замрзнати средствата во банките и финансиските институции, а на иранските претставници им е забрането патување во странство.
Гласањето во ОН нема да има влијание на засебните санкции кои ЕУ, САД и другите земји му ги наметнаа на Иран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...