fbpx

Викендов издадени нови 2.208 потврди на илегални мигранти

-

Изминативе три дена, Министерството за внатрешни работи издало 2.208 потврди за искажана намера за поднесување барање азил на странски државјани кои илегално влегле на македонска територија.

Како што информираат од МВР, од почетокот на издавање на потврдите, односно со стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, заклучно до 8 часот утрово, потврди се издадени на вкупно 16.519 странски државјани. Од нив најголемиот број, односно 12.230 се мажи, потоа 2.146 се жени и 1.998 се деца со придружба, додека 145 деца патуваат без родител и ним им е издадена потврда за барање азил.

Најголем број од мигрантите се државјани на Сирија.

Од почетокот на спроведување на мерката до денеска, до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во моментот се сместени 11 лица, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...