недела, 13 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: НуклеарнаПрограма | 23 резултати

Иранскиот нуклеарен договор пред американскиот конгрес

јули 20, 2015

Американската администрација вчера го испрати нуклеарниот договор со Иран во Конгресот, со што почнува 60-дневниот рок за носење одлука, за која интензивно ќе лобираат и заговорниците и противниците на договорот. Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, рече дека во согласност со законот, нуклеарната спогодба, постигната во вторникот меѓу Иран и шесте светски сили, испратена е […]

Нетанјаху: Договорот со Иран е тешка грешка од историски пропорции

јули 14, 2015

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше историскиот договор што го постигнаа светските сили и Иран, нарекувајќи го „тешка грешка од историски пропорции“. – Иран ќе добие сигурен пат кон нуклеарното оружје. Многу рестрикции кои требаа да ги спречат да го постигнат тоа, сега ќе бидат укинати. Иран ќе добие џекпот, парично богатство од сто милијарди долари, […]

Постигнат нацрт-договор со Иран за нуклеарната програма

јули 14, 2015

Во Виена е постигнат нацрт-договор меѓу Иран и шесте големи сили за иранската нуклеарна програма, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори. Нацртот предвидува инспекторите на Обединетите нации да имаат пристап до сите сомнителни ирански локации, вклучувајќи ги и воените. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека станува збор за нацрт-договор, кој не е конечен и кој […]

Нетанјаху: Светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран

јули 13, 2015

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека светските сили ќе го прифатат нуклеарниот договор со Иран по секоја цена. – Ако концесиите продолжуваат дури и по повиците за смрт на Америка во Техеран, тогаш е јасно дека некои сакаат да постигнат договор по секоја цена. Да не беа нашите напори во изминатите години, Иран би натрупал […]

Преговарачите бараат нов рок за договор со Иран

јули 12, 2015

Претставниците на шесте светски сили и Иран, по маратонските преговори, денеска побараа продолжување на крајниот рок за постигнување договор за да се постигне историска спогодба за иранската нуклеарна програма. – Сè е на маса. Сега е време за одлука – изјави францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, по 15-дневните деликатни разговори. Новиот краен рок за постигнување […]

Нема договор за иранската нуклеарна програма

јули 8, 2015

Нема договор во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена. Пробиен е и вториот рок за постигнување договор, а разговорите, најверојатно, ќе продолжат в петок. Сите учесници во преговорите на групата пет плус еден (САД, Велика Британија, Кина, Франција и Германија) изјавија дека сè уште има длабоки разлики и засега нема знаци за решавање на спорното […]

Иран и светските сили наскоро би можеле да постигнат договор

јули 3, 2015

Маратонските преговори меѓу претставниците на светските сили и на Иран би можеле наскоро да завршат со постигнување договор, оцени Сергеј Рјабков, рускиот преговарач за прашањето на Иран. – Не можам да предвидам уште колку време ќе биде  потребно за да се реши таа ситуација, но сите страни се со став дека тоа ќе биде во следните […]

Обама и Путин разговарале на телефон

јуни 26, 2015

Рускиот претседател Владимир Путин му телефонирал на американскиот претседател Барак Обама. Двајцата претседатели разговарале за преговорите за иранската нуклеарна програма, за ситиацијата во Сирија, како и за потребата за справување со припадниците на Исламската држава. Претседателот Обама истакнал дека треба да се одржува примирјето во Украина. Инаку, од февруари, ова е прв телефонски разговор на […]

Иран нема да прифати преговори под закана

мај 6, 2015

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека официјален Техеран нема да прифати преговори за иранската нуклеарна програма под закана. – Преговарање за нуклеарната програма на Иран со светските сили, во сенка на закана е неприфатливо за Техеран. Нашата нација тоа нема да го прифати – рече Хамнеи за иранската телевизија „Прес ТВ“. Изјавата […]

Северна Кореја поседува 20 боеви глави

април 24, 2015

Кинеските нуклеарни експерти веруваат дека Северна Кореја веќе има арсенал од 20 боеви глави и капацитет за збогатување ураниум и за двојно да го зголеми тој број до крајот на следната година, пишува „Вол стрит журнал“. Кинеската процена ја одразува сè поголемата загриженоста на Пекинг поради нуклеарната амбиција на Пјонгјанг и е последна во серијата […]

Нетанјаху го изедначи Иран со нацистичка Германија

април 16, 2015

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го спореди Иран со нацистичка Германија. – Како што нацистите сакаа да владеат со светот, уништувајќи го еврејскиот народ, така Иран сака да го контролира регионот и да ја уништи еврејската држава – рече Нетанјаху во пресрет на обележувањето Денот на жртвите на холокаустот. Израелскиот премиер оцени дека рамковниот договор меѓу официјален Техеран […]

Иран го условува потпишувањето на договорот со отстранувањето на санкциите

април 9, 2015

Официјален Техеран ќе го потпише финалниот договор со шесте големи светски сили за нуклеарната програма само ако се укинат санкциите, соопшти претседателот на Иран, Хасан Рохани. Иранскиот претседател бара дента кога ќе биде потпишан договорот, веднаш да се тргнат санкциите, додавајќи дека на тој начин сите потписнички ќе имаат корист. Минатата недела Иран и шесторката […]

Протест во Техеран поради договорот за нуклеарната програма

април 7, 2015

Околу 200 лица денеска протестираа во Техеран поради рамковниот нуклеарен договор кој минатата недела го постигнаа Иран и шест светски сили. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека протестите се одржале пред Парламентот во Техеран, без претходна дозвола на властите. За време на демонстрациите, во парламентот се одвивала затворена седница, на која министерот за надворешни работи, […]

Западот постигна договор за нукеларната програма во Иран

април 3, 2015

Помеѓу Иран и САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија во Лозана е постигнат политички рамковен договор за контроверзната иранска нуклеарна програма, кој е основна фаза на патот кон потпишувањето на конечниот договор најдоцна до 30 јуни. Американскиот државен секретар, Џон Кери, на својот твитер-профил објави дека денеска е голем ден. „ЕУ, групата 5+1 […]

Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

март 24, 2015

Израел го шпионирал преговорите меѓу Техеран, САД и петте најголеми светски сили за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска „Волстрит џурнал“. Израел набргу ги демантираше информациите на американскиот весник, оценувајќи ги како „спротивни на вистината“. Според весникот, кој цитира американски претставници, израелската операција се состоела од инфилтрирање во расправите и од составување досие за да го […]

Засега нема договор меѓу Иран и големите сили

февруари 23, 2015

Иран и големите сили уште не постигнале договор за клучните прашања што се однесуваат на спорната иранска нуклеарна програма, соопштија претставниците во Женева. – Сè уште постојат разлики, но сите страни преговараат сериозно и одлучно. Сепак, сè уште не нашле решение за клучните прашања – изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, по првиот ден […]

„Шпигел“: Асад гради таен нуклеарен комплекс

јануари 11, 2015

Германскиот неделник „Шпигел“ тврди дека сириските власти во тајност градат подземен комплекс во кој би можеле да произведуваат атомско оружје. Весникот, повикувајќи се на „ексклузивни документи, сателитски снимки и на прислушувани разговори од страна на тајните служби“, пишува дека објектот, чие тајно име е „Замзан“, се наоѓа во планински реон во западниот дел на Сирија, […]

Преговорите со Иран продолжуваат во декември

ноември 24, 2014

Иран и шесте светски сили денеска во Виена договорија да го продолжат преговарачкиот процес за уште неколку месеци, соопштија дипломатски извори за руската агенција ИТАР-ТАСС. – Да, одлуката е донесена. Преговорите ќе бидат продолжени, а временската рамка ќе биде одредена на министерскиот состанок -соопшти изворот. САД и Иран во последен момент постигнале напредок во преговорите, […]

Џавад Зариф: Не очекувајте премногу, први се нашите интереси

ноември 18, 2014

Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џaвад Зариф, денеска изјави дека не треба да се има премногу очекувања од продолжувањето на преговорите на официјален Техеран со петте земји-членки на ОН со право на вето и со Германија за иранската нуклеарна програма. Џaвад Зариф истакна дека мора да се најде решение кое е во „интерес […]

Страна 1 од 1