fbpx

Постигнат нацрт-договор со Иран за нуклеарната програма

-

Во Виена е постигнат нацрт-договор меѓу Иран и шесте големи сили за иранската нуклеарна програма, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Нацртот предвидува инспекторите на Обединетите нации да имаат пристап до сите сомнителни ирански локации, вклучувајќи ги и воените.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека станува збор за нацрт-договор, кој не е конечен и кој би можел да биде дополнет пред да го прифатат шестте сили и Иран.

Дипломати блиски до преговорите изразуваат надеж дека конечната верзија на нацрт-спогодбата ќе биде одобрена денеска и ќе биде постигнат договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...