Грција: Банките отворени, но финансиските проблеми на компаниите се нерешени

-

Отворањето на банките не ги реши сите проблеми во државата. Граѓаните и понатаму може да повлекуваат само 60 евра дневно, а банките, главно, може да им служат за плаќање сметки, земање нови платежни картички и за активирање на услугите за електронско банкарство за трансакциите да се одвиваат без да мора да чекаат долги редови. Грчката трговија, но и домаќинствата и понатаму остануваат да функционираат во проблематични услови поради трансакцискиот лимит кој продолжува во банките. Сè додека не се тргне ограничувањето од 60 евра дневно, банките, во суштина, продолжуваат да се „затворени“ за поголемите трансакции, исплати и за префрлање пари во странство.

Засега неизвесно е до кога точно ќе трае банкарскиот лимит од 60 евра поради кој е отежнато купувањето акции, плаќањето преку „пејпал“, исплаќањето станбени кредити, не може да се отвораат нови банкарски сметки, ниту, пак, да се префрлаат пари во странство. Последната забрана се смета за најпроблематична бидејќи не може да се одвиваат никакви трансакции со странство без тие да бидат претходно одобрени од комисијата за одобрување банкарски трансакции, независно од тоа дали се работи за трговија и за плаќање сметки за увоз на храна или, пак, за плаќање болнички трошоци во странство.

Според грчкиот весник „Катимерини“, банките имаат повеќе од 1.000 барања од компании за трансакции со странство, кои главно се одобруваат доколку се со помала вредност поради ограничената ликвидност на банките. Извори од банкарскиот сектор за весникот коментираат дека е нужно владата побргу да ги помине мерките за да може да се добие нова финансиска инфузија од Европската централна банка, како и ЕЦБ да го зголеми лимитот на механизмот за помош за да се зголеми приливот на средства и помошта кон банките, за тие да може да им излезат во пресрет на барањата на компаниите.

Според Асоцијацијата на грчки индустрии, поради банкарскиот лимит профитот на компаниите во Грција е паднат од 30 до 80 отсто изминатите 20 дена и постои голема опасност дел од трговските компании и индустрии да се соочат со прашањето за отпуштање или ставање клуч на врата поради неможноста да се одржат во живот и да исплаќаат плати и финансиски обврски кон трети лица и компании.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...