fbpx

Двајца загинати и 24 повредени во експлозија во Кина

-

Најмалку две лица загинаа во експлозија пред парк во градот Хезе во кинеската провинција Шандонг, каде најверојатно, невработен маж извршил самоубиство, јавува кинеската агенција „Синхуа“.

Агенцијата наведува дека експлозијата се случила доцна синоќа и оти 33-годишниот Кси Ксинтанг, најверојатно, извршил самоубиство.

Од експлозијата се повредени 24 лица, од кои тројца се во критична состојба. Засега не е јасно кој материјал го користел за да ја предизвика експлозијата, како ни причината за овој чин.

Портпаролот на окружната полиција, Ли Менг, рече дека Ксингтанг бил невработен и хронично болен од цироза на црниот дроб. Хоспитализиран бил повеќепати, но терапиите не биле успешни.

Експлозијата се случила пред влезот на паркот, на мал плоштад каде обично се собираат постари лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.