Владата на Ципрас утре на нов тест во парламентот

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас тактизира за полесно да се изгласа втората листа приоритетни мерки договорени со кредиторите. Пред грчкиот парламент, кој утре треба да се изјасни за мерките, нема да се најдат две болни мерки како реформирањето на пензинскиот систем преку зголемување на границата за пензионирање, укинување на прераното пензионирање и извесните придонеси за пензионерите, а нема да се најдат ни мерките за укинување на придонесите и олеснувањата за земјоделците.

Овие две мерки се очекува да се гласаат подоцна во текот на летото, за Ципрас да добие време да се зајакне парламентарното мнозинство на СИРИЗА и да не се изгубат дополнителни пратеници како по гласањето за главниот пакет и првата листа приоритети од минатата недела, со која грчкиот премиер доби шлаканица од 30-тина пратеници од неговата матична партија.

На гласање ќе биде Кодот за цивилни процедури, со кој ќе се работи на забрзување на правните и бирократските процедури за граѓаните, а ќе се гласа и за предлозите за осигурување на депозитите и за процедурите за реорганизација на кредитните институции.

Со тоа што прво ќе се гласа за овие помалку болни мерки, Ципрас се надева дека ќе успее да го задржи посигурно парламентарното мнозинство на СИРИЗА, односно нема да дозволи тоа да се сведе на помалку од 120 пратеници, што ќе го доведе под знак прашалник опстанокот на актуелната влада и ќе ја доведе Грција пред итна потреба за избори. Премиерот се надева дека на овој начин ќе премисли барем неколку од шестмината пратеници на СИРИЗА што гласаа воздржано минатиот пат, да го дадат својот глас за мерките и поддршка на владата при ова гласање.

Паралелно, ќе се олесни минимално и обидот на владата да се продолжи со напорот за спроведување на новиот пакет мерки и мирно, непречено продолжување на процесот на преговори со европските кредитори.

Бројот на гласови ќе одлучи и за идните чекори на Ципрас за средување на внатрешните работи во поделената СИРИЗА, каде врие како во котел меѓу оние кои бараат левицата да не ги прифати овие мерки, кои се против нејзините принципи, и оние кои велат дека нема друг начин да се спаси државата освен да се прифатат и во текот на преговорите мерките да се ублажат и да се прилагодат.

Сценариото за предвремени избори и понатаму се слуша, но наидува на негативни коментари од сите страни, со оцена дека ќе ја доведе државата во нови неизвесни финансиски и политички перипетии.

М.П.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....