fbpx

Грчките банки отворени, а во продавниците нова стапка на ДДВ

-

Грчките банки по три недели денеска повторно се отворени, но ограничувањата за подигање средства останаа непроменети, освен што неделниот лимит од 420 евра, наместо секој ден по 60 евра, може да се подигнува еднаш неделно.

Денеска почнува да се применува и новата стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) за бројни производи и услуги, за кои тој од 13 се зголемува на 23 отсто. Германскиот синџир маркети „Лидл“ вчера во грчките весници објави дека порастот на ДДВ нема да отиде на грбот на потрошувачите и оти цените на нивните производи ќе останат непроменети.

Грција со меѓународните доверители минатата недела постигна договор со кој, во замена за финансиската помош, треба да спроведе поостри мерки за штедење. ДДВ од 13 отсто за хотелите остана непроменет, а за лековите, книгите и за влезниците за културните настани е намален на шест отсто.

Владата на премиерот Алексис Ципрас се надева дека изменетата даночна стапка ќе донесе пресметан годишен приход од 2,4 милијарди евра. Грчките банки беа затворени на 29 јуни и оттогаш од Грција секојдневно пристигаа слики од луѓе како во редици чекаат пред банкоматите. Грците повторно ќе можат да го користат своите кредитни картички во странство.

Отстапка е направена во контрола на протекот на капитал, која е на сила од 29 јуни, а со неа ќе се овозможи добивање парични дознаки во износ до 5.000 евра за едно тримесечије за сите млади Грци кои студираат во странство, а за потребите за лекување во странство на грчките државјани ќе им се овозможи да изнесат од земјата 2.000 евра.

Во другите подрачја, контролата на протекот на капитал останува иста, што значи дека Грците не смеат да префрлаат пари во странство, ниту од земјата да изнесуваат поголемо количество пари во готовина, ниту да отвораат нови сметки во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...