fbpx
Македонија Страница 1894

Македонија

Грипот ја губи силата

Грипот е во опаѓање. Изминатата недела ИЈЗ регистрирале 2.732 случаи на грип. Ова е за 13 проценти помалку од претходната недела. Вкупната бројка за оваа сезона е поголема од 28.000. Досега не е регистриран ниту еден смртен случај како последица од грип. Заболени има во сите...

Денови на Агенцијата за вработување во Прилеп

Во рамки на „Денови на Агенцијата за вработување“, директорот на АВРМ, Влатко Попоски, денеска го посети Центарот за вработување во Прилеп. - Преку овие средби сакам да ги слушнам невработените и работодавците дали владините мерки се соодветни или не, дали се постапува по нив, да...

Ќе одговара ли Груевски за мобинг врз Јанакиески?

Во аудиоснимките што вчера ги објави Зоран Заев, се слуша како премиерот Никола Груевски го притиска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да даде мислење за нешто за кое Јанакиески смета дека не е во ред да го направи и постојано се обидува да се...

Опозицијата денеска нема да ја објави „бомбата“ за смртта на Младенов

Опозицискиот СДСМ денеска, кога се навршуваат две години од смртта на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Малденов, нема да одржи прес-конференција на која би биле објавени снимките, кои, како што претходно беше најавувано, содржат разговори околу трагичниот настан, потврди за „Мета“ портпаролот на...

40 години затвор за убиството на тригодишната Мевљана

Основниот суд Скопје 1 ги осуди на затворски казни по 20 години Џемаил Браими и неговата сопруга Јасмина Махмуд за убиството на тригодишната Мевљана, кое се случи пред точно една година, пренесува „Нова ТВ“. Браими и неговата сопруга беа обвинети дека до смрт го претепале...

Судскиот совет ги оценил годишните извештаи за работата на судовите

Судскиот совет на Република Македонија денеска, на 191. седница, ги разгледал и ги оценил годишните извештаи за работата на судовите во Република Македонија за 2014 година. Како што се наведува во соопштението, на јавната седница извештаите биле разгледани во присуство на претседателите на Вишиот управен...

Облачно и врнежливо време

Времетo денеска ќе облачно со повремени врнежи од дожд, кои во попладневните часови ќе се засилат и ќе бидат проследени со грмотевици. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе спушти до 6 Целзиусови степени, а максималната ќе се искачи...

Две години без Младенов: Нè остави без да ни каже зошто

Точно пред две години, на 27 март 2013 година, во ендек кај клучката Хиподром беше пронајдено телото на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и неговиот автомобил со кој излетал од коловозот на делницата Скопје - Велес. Настанот предизвика шок и бура во...

Извештајот за поплавите е готов и идната недела оди во Брисел

Извештајот за штетите од поплавите што во јануари и во февруари ја погодија Македонија е готов и наредната недела треба да биде презентиран во Брисел, изјавил денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Најголеми штети од поплавите,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека шири манипулации, ние продолжуваме со градењето патишта

„Денешните наводи на Заев и на СДСМ се крајно тенденциозни, невистинити и целосно манипулативни. Со ова однесување на Заев, тој не само што го гази имиџот на државата, туку и се обидува да ја вовлече државната компанија на Народна Република Кина, како и останатите...

Колку милиони евра се договорите на Јанакиески и на Груевски?

Двата спорни договори за кои се разговара во снимките што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се однесуваат на изградба на автопатите Миладиновци - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид. Во еден од разговорите, министерот Миле Јанакиески и непознат соговорник разговараат за...

Твитер-реакции: Спакувајте ги за да си одат

Според аудиоснимките што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, премиерот Груевски договарал проценти и провизии и правел незаконски упади во тендерски постапки. На социјалните мрежи се појавија серија коментари дека процентите, што според Заев, ги земал Груевски, се пари украдени од народот. Дел...

Груевски: Имаме план за излез од кризата

Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата има план за излез од кризата, кој предвидува секој што на каков било начин го прекршил законот и се најдат докази за тоа, да одговара пред институциите на државата. - Секако дека имаме план за излез од кризата. Планот...

Ангелов поднесе кривична пријава против Марко Зврлевски

Стојанче Ангелов денеска поднесе кривична пријава против јавниот обвинител Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за спречување пристап кон јавен информатички систем, бидејќи, како што рече Ангелов, преку соопштение барал од медиумите да не ги емитуваат и пренесуваат  снимките од...

Новиот кредит од два и пол милиони евра ја вжешти политичката сцена во Битола

Локалната власт во Битола се задолжува со нов кредит од два и пол милиони евра откако градоначалникот Владимир Талески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички, ненаменски и недомаќински досега потрошија повеќе од 200 милиона евра, пари на битолчани, обвинија битолските социјалдемократи. Битолската опозиција два дена по ред обвинува...

Заев: Невозможна мисија е дијалог без посредник од Брисел

Лидерот на опозицијата на прес-конференцијата објави и разговор помеѓу Миле Јанакиески и неговата сопруга. Во разговорот Јанакиески ѝ зборува, преправајќи се дека зобрува кинески, алудирајќи на преговорите со Кинезите. Јанакиески ѝ вели дека треба да ги испрати Кинезите и дека е премногу изморен. На прашањето дали Заев мисли дека ја...

Заев: Јанакиески и Груевски договараат провизии

Во следните разговори што беа обелоденети на денешната прес-конференција во седиштето на опозицискиот СДСМ, според Зоран Заев, се слуша како Груевски прави притисок врз Јанакиески за барокните фасади. Во разговорите, според Заев, Груевски му ветува дека нема да биде вовлечен во криминал. Груевски му сугерира...

Нова „бомба“ на Заев: Еве како Груевски местел тендери и кршел закони

„Ветивме дека целaта вистина за злосторството врз нашиот народ ќе ја објавиме. На сите им е јасно и покажавме колку бил нечесен Никола Груевски. Формирал офшор-компании за негови интереси. Денеска ќе бидеме сведоци на суровата вистина дека сите овие години тој ги злоупотребувал законите. Ќе...

Обвинителство: 17 јавни обвинители работат по пријавите на СДСМ за прислушувањето

Предметите за наводно прислушуваните разговори и кривичните пријави што СДСМ ги поднесе до обвинителството во врска со наводите од снимките што ги објави лидерот, Зоран Заев, биле распределни за работа на 17 јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, соопштуваат оттаму. „Основното јавно обвинителство Скопје...

Народен правобранител: Влошени состојбите во секој сегмент од општеството

Зголемен број претставки на граѓаните за работата на правосудството, опаѓање на квалитетот на јавната администрација, дискриминација на Ромите и на Албанците од Министерството за внатрешни работи, говор на омраза, влошување на состојбите во казнено-поправните и во воспитно-поправните установи и несоодветно и непрофесионално менаџирање на овие институции....

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...