fbpx
Македонија Страница 1893

Македонија

Мустафа: Во април ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада

Косовскиот премиер Иса Мустафа, на денешната седница на владата во Приштина, соопштил дека следниот месец ќе се одржи заедничка седница на косовската и на македонската влада. Мустафа најави дека средбата ќе се искористи за да покренат одредени иницијативи од двете страни, како и за да...

ДПА и ДУИ го блокираа законот за лична карта

На усвојувањето на измените на законите за лична карта и за живеалиште и престојувалиште, денеска се спротиставија ДУИ и ДПА. - Нема да ги гласаме овие закони. Нашиот став е дека имаме концептуални разлики со коалициските партнери. Во наредните денови ќе разговараме за овие прашања...

ДИК не била надлежна за претставката на СДСМ за изборните нерегуларности

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна да расправа за претставката за изборните нерегуралности што ја доби од опозицискиот СДСМ. Како што вели Никола Рилковски, претседател на ДИК, тој ја ставил претставката од опозициската партија како точка на дневен ред, но мнозинството членови одлучиле дека Комисијата...

Апелација ја укина пресудата за Дејан Ставриќ и го врати предметот на повторно судење

Апелацискиот суд Скопје ја укинал првостепената пресуда за очниот хирург Дејан Ставриќ, кој беше осуден на казна затвор од една година оти, наводно, земал поткуп од 2.000 евра за да посредува при добивање инвалидска пензија, пренесува „Фокус“. Предметот, скопскиот Апелациски суд го вратил на повторно судење...

Стружани со поддршка за оспорување на уставноста на законите за хонорарци

Центарот на заедницата при локалната самоуправа во Струга се приклучи кон акцијата на Платформата за граѓанска политика „Ајде“ за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметнува обврска за плаќање придонеси за здравствено и за пензиско и инвалидско...

Туберкулозата сè уште е болест на младите

Во 2014 година се откриени 285 нови случаи на заболени од туберкулоза, со стапка од 13,8 лица на 100.000 население, што е за 38 случаи помалку споредено со 2013 година, кога бројот на новооткриени изнесуваше 325 лица. Најнови стандарди за дијагностицирање, лекување и за превенирање...

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по...

Обвинителството цела година прибирало докази за аферата „Актор“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција прибира докази за случајот „Актор“, кој во март минатата година, на прес-конференција, го обелодени опозицискиот СДСМ, соопштија за „Мета“ од обвинителство, по едногодишен молк, а одговрарајќи на прашањето: Дали е сè уште во тек истрагата за аферата...

Осумте чекори на Груевски до плацот на Водно

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција објави нови прислушувани разговори, со кои, како што рече, се открива вистинското лице на премиерот Никола Груевски. Според Заев, Груевски договарал купување на плац на Водно, а тоа се потврдувало со најновите разговори меѓу него и министерот...

Се урна авион на „Џерманвингс“, засега не се знае бројот на патници

„Ербас А320“ на компанијата „Џерманвингс“ се урна на француските Алпи. Нема преживеани. Засега не се знае колку лица биле во авионот, јавува „Раша тудеј“. Според првичните информации, во авионот имало 148 лица, но француската контрола за летање тврди дека настрадале 150 лица, додека од Германија...

Скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во Источна Европа

На Глобалниот собир во Париз, традиционално организиран од реномираната британска организација „Скајтракс“, беа прогласени најдобрите аеродроми на светско ниво. Во Источна Европа, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, со кој раководи  „ТАВ Македонија“, се најде меѓу десетте најдобри. – Вбројувањето на скопскиот аеродром меѓу најдобрите десет во Источна Европа...

Таблет-компјутерите за студентите на собраниска седница

На дневниот ред на денешната 40. собраниска седница е предлог-законот за издавање вредносни бонови, по скратена постапка. Со законот се предлага издавање вредносни бонови за таблет-компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните бруто-приходи не го надминуваат износот од 32.741 денар и...

Се одбележува Светскиот ден на туберкулозата

Со тркалезна маса на која ќе се обратат поголем број експерти, Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 24 март, Светскиот ден на туберкулозата. Настанот, како и минатите години, е организиран од Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите поддржани...

Од недела часовниците се поместуваат еден час нанапред

В недела почнува летното сметање на времето. Часовниците ноќта во сабота кон недела ќе се поместат еден час нанапред. Така, два часот по полноќ станува три. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред напролет, а да се враќаат еден час наназад наесен. Овој...

Облачно со слаб дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, а во крајните западни и во северозападните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер, кој ќе достигне брзина...

„Прес 24“: Заеви купиле багатела куќа на плажа на Халкидики

Според порталот „Прес 24“, првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви, на крајот од 2012 година, купиле ексклузивна куќа на три ката на Халкидики во Неа Мудања, Грција, за помала цена од реалната вредност на таков имот. „Ексклузивната хациенда е со голем двор...

Хуманоста затаи, собрани само 600 евра за штипјанецот Сашо

Одвај нешто повеќе од 600 евра биле собрани во донаторската акција преку мобилниот оператор „Вип“ за транспорт на телото на штипјанецот Сашо Коцев. Триесет и тригодишниот Коцев беше прегазен од камион во областа Валенсија, Шпанија, каде престојувал кај својата сестра. За транспортот на телото се...

„Ајде“ собира потписи за оспорување на законот за хонорарци

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, почнаа да собираат потписи за групна претставка до Уставен суд за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметна да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. - Иницијатива...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали

Зоран Заев продолжува да го тера своето деструктивно сценари и без поддршка од граѓаните продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали. Наводите кои се обиде Зоран Заев да ги конструира во денешната прес конференција се чиста манипулација и невистина, реагираше ВМРО ДПМНЕ на...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во Брисел остануваат на своите ставови

Радмила Шекеринска денеска од Европскиот парламент (ЕП), каде учествува на семинар за политичкиот дијалог во балканските парламенти, изјави дека е „тешко да се зборува за политичка култура и во Брисел кога знаеме дека нема одговор на нашето насилно отстранување од парламентот“. - За каква култура се...

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...