„Ајде“ собира потписи за оспорување на законот за хонорарци

-

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, почнаа да собираат потписи за групна претставка до Уставен суд за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметна да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување.

– Иницијатива ја поднесуваме бидејќи со осумте закони се повредуваат правото на еднаквост и правото на работа за хонорарците. Се повредува принципот на владеење на правото и се повредува забраната за ретроактивно дејство на законите. Иницијативата ќе биде поднесена пред сè поради тоа што на хонорарците им се воведува обврска иста како за вработените, а за разлика од работниците, тие немаат никакви работнички права. Немаат право на платен годишен одмор, немаат право на родителско или породилно отсуство, немаат право на синдикално здружување – рече Наде Наумовска од „Ајде“.

Од „Ајде“ велат дека со пакетот неуставни закони се прекршуваат уставни права, како владеењето на правото, правото на еднаквост, правото на работа и забраната за повратно дејство на законите.

На иницијативата може да се приклучи секој полнолетен граѓанин со пополнување на формулар секој работен ден од денеска, па сè до 6 април, во период од 9 до 16 часот. Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април.

Формуларите можат да се пополнат во 14 града низ Македонија:

  • Скопје: „ГЕМ-клуб“, Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701;
  • Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел. 047 233 020;
  • Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одржлив развој, ул. Гоце Делчев 24, тел. 031 481 542;
  • Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул. Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046/835-106;
  • Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
  • Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба Сењак), тел. 032 383 116;
  • Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул. Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;
  • Струга: Центар на заедницата на Општина Струга, ул. Владо Малески бб ( зграда на Министерство за одбрана), тел. 046 839 112;
  • Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;
  • Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица, ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117
  • Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;
  • Берово: Здружение за промоција и заштита на прават на ромите – „Рома футуре“, тел. 075 621 267;
  • Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;
  • Кичево: НВО „Месечина“, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР...

Истражувања покажуваат дека инјекциите за слабеење како „Оземпик“ може да бидат добри за менталното здравје

Инјекциите за слабеење може да бидат добри за менталното здравје на луѓето, покрај тоа што помагаат да се намали апетитот, покажува ново истражување, пренесува Гардијан. Истражување спроведено од научници од Универзитетот во...

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одредена е мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска...

Уапсен е кичевчанец кој со секира ги нападнал родителите – таткото починал, мајката е во критична состојба

Лишен од слобода маж од кичевско, кој со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката е во критична состојба. Денес 11.05. во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од...

Кривична пријава за човекот кој мачеше куче со влечење врзано за автомобилот

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во...