СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во Брисел остануваат на своите ставови

-

Радмила Шекеринска денеска од Европскиот парламент (ЕП), каде учествува на семинар за политичкиот дијалог во балканските парламенти, изјави дека е „тешко да се зборува за политичка култура и во Брисел кога знаеме дека нема одговор на нашето насилно отстранување од парламентот“.

– За каква култура се зборува ако тоа се случува и кога секој ден во Македонија е јасно дека една мала група луѓе телефонски го контролираат целото судство, администрацијата и ги злоупотребуваат институциите за свои потреби. Европската унија (ЕУ) неколкупати испрати пораки до Македонија дека за да имате демократски процес, треба да имате владеење на правото. Снимките што ги објавуваме и кои, за жал, не успеаја да продрат во јавниот сервис, кој ја има обврската да информира, покажува дека правната држава е непоимлива – рече Шекеринска.

За заменик-претседателката на СДСМ, оваа конференција нема ништо да промени.

– Не очекувам чуда од една конференција која е за повеќе земји и не очекувам дека ќе има промена во расположението. Власта наликува на мајмуните кои не гледаат, не слушаат и не говорат – рече таа, додавајќи дека работите во земјата можат да се сменат само доколку власта понесе одговорност.

Во која било земја, најверојатно ќе имаше оставка, смета таа, цитирајќи разговори со дипломати од странски земји.

– Кај нас работите се изместени. Зборуваме за целосна контрола и за злоуптреба на полицијата и за изборен фалсикфикат и тие велат дека тоа не е проблем. Приближување на ставови и решавање на проблемот ќе има само доколку неколку лица понесат одговорност, а тие лица се во Владата – рече Шекеринска.

Од своја страна, пратеникот од владеjачката ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, смета дека за оставки, како таа на јавниот обвинител, одлучува законот.

– Начинот на избор и на разрешување е сведен на уставниот поредок и тука се одлучува кој на која функција е избран. Во политичката борба дозволени се многу средства и критики, навреди и омаловажување, за жал, но не и нелегални средства и методи за да се дојде до власт. Ако беа дозволени, тогаш Асанж и Сноуден ќе беа премиери или лидери на опозицијата, а не таму каде што се. Нивото на политичка борба во Македонија, кое е заострено, треба да се сведе на институционално дејствување и тоа ќе биде најдобро за доверба во системот – рече Милошоски.

Според него, добро е што Европската комисија и јавното обвитентелство најдоа заеднички интерес овој процес да биде транспарентен и да биде следен од стручни лица кои имаат свое иксуство во вакви или слични случаи.

– Ова е сероизен случај за да се прејудицира и треба низ правна постпака да се дојде до издржано правно решение – посочи Милошоски.

Т.М.

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално...