Со тркалезна маса на која ќе се обратат поголем број експерти, Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 24 март, Светскиот ден на туберкулозата.
Настанот, како и минатите години, е организиран од Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите поддржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, како и од Институтот за белодробни заболувања.