понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ден | 18 резултати

Големо велосипедско дефиле на скопските улици

септември 22, 2016

Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци, денеска учествуваа во големото велосипедско дефиле што на скопските улици се возеше по повод 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2016. Велосипедистите стартуваа кај Порта „Македонија“ и пристигнаа во Градскиот парк, на Школка, каде што се одржа забава со настап на […]

Светскиот ден за борба против ракот се одбележува и во Македонија

февруари 4, 2016

Во Македонија денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ракот, кој годинава се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам“ и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и на надлежните институции за превенција и за намалување на последиците од појавата на карциномите. Кампањата се фокусира на информирање и на едукација за зголемена свесност за […]

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, е неработен

октомври 16, 2015

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври 2015 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на македонската револуционерна борба.

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

октомври 9, 2015

Понеделник, 12 октомври, е неработен ден, поради тоа што Денот на народното востание, 11 Октомври, се паѓа в недела, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на народното востание.

Денеска е светски ден против пушењето

мај 31, 2015

Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите секоја година на 31 мај го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, истакнувајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според податоците од СЗО, во […]

Се одбележува Светскиот ден на туберкулозата

март 24, 2015

Со тркалезна маса на која ќе се обратат поголем број експерти, Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 24 март, Светскиот ден на туберкулозата. Настанот, како и минатите години, е организиран од Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите поддржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, […]

Ден на борба против корупцијата

декември 9, 2014

Настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата денеска ќе организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Настанот ќе почне во 11 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. За време на настанот, голем број […]

На 13 декември ќе се одработува за „Ден на дрвото“

декември 5, 2014

Тринаесетти декември (сабота) ќе биде работен ден, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Тој ден, се вели во соопштението, ќе се одработи неработниот ден што Владата на Република Македонија го прогласи на 3 декември (среда) поради одржувањето на акцијата „Ден на дрвото“.

Денеска, по 14. пат, Ден на дрвото

декември 3, 2014

Денеска во рамките на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, што ќе се одржи под  мотото  „Стоп за катастрофите“, ќе бидат засадане повеќе од 5 милиони дрвца на површина од 1.107 хектари низ цела Македонија. „Македонски шуми“ ќе отстапи 24.000 повеќегодишни садници за пошумување во урбани средини, а на урбаните општини ќе им […]

СДСМ: Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Македонија

ноември 28, 2014

По повод 28 ноември, Денот на албанското знаме, СДСМ укажува дека одбележувањето на ваквите настани треба да бидат во насока на градење мостови на толеранција и на доверба помеѓу етничките заедници во Република Македонија. Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Република Македонија, држава на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од […]

Следната среда неработна поради Ден на дрвото

ноември 27, 2014

Следната среда, 3 декември, е неработен ден затоа што Владата на Република Македонија донесе одлука да се одржи Ден на дрвото, така што низ цела Македонија ќе бидат организирани акции за пошумување. Денот ќе се одработи во сабота на 13 декември.

Денеска е Светски ден на детето

ноември 20, 2014

Денот на детето се слави секој 20 ноември , а Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште постојат деца кои живеат во лоши услови кои имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието […]

Велес го прослави патронатот со отворање кружен тек

ноември 7, 2014

Деветти Ноември, денот на Општина Велес, беше одбележан со празнична програма која почна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. Денеска на оваа регионална сообраќајница во употреба беше пуштен новиот кружен тек со значително проширување на просторот и со зголемување на безбедноста. На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на […]

Страна 1 од 1