fbpx

Денови на Агенцијата за вработување во Прилеп

-

Во рамки на „Денови на Агенцијата за вработување“, директорот на АВРМ, Влатко Попоски, денеска го посети Центарот за вработување во Прилеп.

– Преку овие средби сакам да ги слушнам невработените и работодавците дали владините мерки се соодветни или не, дали се постапува по нив, да ги информираме за сите можности и привилегии што ги нудиме – изјави Попоски.

Попоски информираше и за мерките што Агенцијата ги нуди, како што се обуки кај познат работодавец, за субвенции и за практикантство и за сите новини во Агенцијата, особено што се однесуваат до информатичката технологија.

Невработените лица во Прилеп најмногу се интересираат за тоа кога ќе се објават огласите за новите инвестиции на компаниите „Гентерм“, која најави 2.000 вработувања, и „Акомпласт“ со 250 нови работни места.

– Тие се планирани инвестиции. Од она што сум информиран, за кусо време треба да почнат првите вработувања, односно менаџерскиот кадар, потоа и на оние кои ќе бидат упатени на обука. Компанијата „Гентерм“ за еден до два месеца ќе почне со првите вработувања, а со другите на есен – објаснува Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...