fbpx

Груевски: Имаме план за излез од кризата

-

Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата има план за излез од кризата, кој предвидува секој што на каков било начин го прекршил законот и се најдат докази за тоа, да одговара пред институциите на државата.

– Секако дека имаме план за излез од кризата. Планот е секој што на кој било начин го прекршил законот или со снимањето на нелегалните материјали, со емитувањето и со каков било чекор за кој ќе се најде доказ дека некој го прекршил законот, да одговара пред институциите на државата. Ние не бегаме од дијалог и од разговор. Но, тој разговор не може да биде каква било трговија со нешто што е прекршување на законите на Република Макеоднија – истакна премиерот.

Одговорајќи на прашањето од пратеничката Роза Топузова-Каревска кое се однесуваше на случајот со прислушувањето, Груевски рече дека веќе јавно се има произнесено за овие прашања и истакна дека вакви слични ситуации на нелегално снимање и на креирање телефонски разговори, упад во безбедносни системи се случуваат во многу држави и оти ниедна држава не е целосна имуна, но важно е што во овој случај нашите безбедносни служби ги разоткрија и успеаја да ги лоцираат, да ги пронајдат и фатат сторителите и да ги изнесат пред институциите на системот кои утврдија и мерки, а во еден случај е изречена и затворска казна.

Премиерот тврди дека мнозинството граѓани ќе го препознае овој обид со кој сака да се загрози стабилноста на земјата, да се наруши стабилноста и некој од тоа да профитира.

– Креаторите да профитираат на начин што им е значаен ним, а нивните експоненти, во овој случај Зоран Заев, да се добере до власта, до она што, всушност, граѓаните не сакаат да му го дадат, препознавајќи ги нивните политики како деструктувни, некреативни и политики кои нема да донесат прогрес на Република Македонија – рече Груевски и додаде дека личните цели на Заев се доаѓање на власт по секоја цена, но не со реални проекти, реални програми, туку со создавање криза.

Премиерот посочи дека доколку се погледне историјата на СДСМ, во најголем дел од случаите кога доаѓале на власт, тоа било со користење криза.

– Постои обид за загрозување на стабилноста на земјата. Не случајно беа најавувани емитување креирани разговори со меѓуетнички елементи кои ако на таков начин се сечат, лепат, манипулираат, секако дека може да создадат одредени чувствителни ситуации кај граѓаните. Да бидат изманипулирани и да бидат доведени во ситуација да се поттикне нивна реакција. И тоа е она што говорам, да не се подлегне на овие шпекулации за целите на тие кои му ги дале креираните разговори на Зоран Заев – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...