fbpx
Македонија Страница 1678

Македонија

МВР вчера издало 2.220 потврди на мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 2.220 странски државјани од кои најбројни биле државјаните на Авганистан – 917, на Ирак - 747 и на Сирија - 556. Од 19 јуни до вчера МВР издало вкупно 319.727 потврди...

Груевски, наместо денеска, ќе сведочи в понеделник

Премиерот Никола Груевски денеска нема да се појави на сослушување во Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето поради редовните обврски, а ќе одговори на поканата на 14 декември 2015 година и ќе се обрати пред пратениците, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот денеска требаше да биде прв сведок...

Груевски денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето

Премиерот Никола Груевски денеска, во 11 часот, на седницата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето, треба да се појави како сведок предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Според распоредот, кој во понеделникот го најави претседателот на комисијата, Петре Шилегов, утре како сведоци треба да се појават Мартин...

Времето денеска со магла по котлините

Времето денеска ќе биде магливо, а утринската температура ќе се движи од -5 до 4 Целзиусови степени. Дневната температура, пак, ќе биде во интервалот од 9 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде магливо и тивко, а кон средината на денот ќе има извесно расчистување...

Попоски во Осло: Треба да се смени пристапот за прием во НАТО и ЕУ

Шефот на македонската дипломатија,Никола Попоски, денеска во Осло се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Брендеата, министерка за одбрана, Ине Ериксен Сореиде, како и со членови на Комисијата за надворешни работи и одбрана на норвешкиот парламентот. Како што соопштуваат од МНР,...

НАТО: Македонија што побргу да го заземе заслуженото место во Алијансата

Македонија и понатаму активно придонесува во операциите на Алијансата низ светот, е заклучокот од денешниот редовен годишен состанок во Брисел на Република Македонија со Комитетот на ниво на заменици на постојаните претставници на НАТО. На состанокот била презентирана годишната национална програма на Република Македонија за членство...

ДОМ бара прогласување вонредна состојба поради загадувањето

Партијата Демократска обнова на Македонија денеска побара Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето, а Министерството за животна средина веднаш да најде итни мерки за санирање на проблемот, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на ДОМ, Тони Ристов, додавајќи дека партијата нуди конкретни мерки за...

Битолчани в сабота ќе протестираат поради загаденоста на воздухот

Членовите на битолското здружение „За нас се работи“ денеска ги повикаа граѓаните на Битола в сабота да излезат на протест на плоштадот Магнолија поради алармантната долгогодишна состојба со загадениот воздух во Битола и во околината. Здружението вели дека вината за загадувањето е кај сите нас. „Секако...

Достоинство ќе бара воведување смртна казна за убивање полицаец или војник

Лидерот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, побара доживотен затвор сите инволвирани во убиството на полицајците во кумановското Диво Насеље, јавува „А1 он“. - На телевизија ги слушав изјавите на обвинетите за злосторството во Диво Насеље, не можев да верувам дека овие луѓе кои убија...

Пуштен натпатникот што ги поврзува Хиподром и Инџиково

Пуштен е во употреба новиот пешачки натпатен премин преку автопатот Скопје – Петровец, што ги поврза населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба. Натпатникот, за чија изградба Градот Скопје вложу околу 38 милиони денари, е долг 63 метри, широк 5,4 метри, а површината за...

Србиновски: Mи прават притисок за да ќарат поени кај земјоделците

„Чисти лаги и измислици“, вака раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола , Илија Србиновски-Шате, ги оценува обвинувањата и поднесувањето кривичната пријава против него од дополнителниот заменик-министер, Љупчо Николовски. - Ми прават политички притисок или, ако сакате, хајка против мене и моето...

Законски измени за враќање на медицинските сестри во јавното здравство

Владата подготви измени на Законот за здравствена заштита со кои се овозможува медицинските сестри, техничари и радиолошки технолози со средно, вишо и со високо стручно образование ако сакаат, да можат да се вратат од приватното во јавното здравство, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров,...

Ахмети: Клучните точки од Договорот од Пржино се спроведени

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со претседателката на Комисијата за надворешни работи и за одбрана на норвешкиот парламент, Аникен Хуитфелд. Ахмети и Хуитфел, како што соопштуваат од партијата, разговарале за актуелната политичка ситуација, имплементацијата на Договорот од...

Попоски во работна посета на Норвешка

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска престојува во работна посета на Кралството Норвешка. Попоски за време на посетата ќе се сретне со норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бренде, како и со министерот за одбрана, Ине Ериксен Сореиде. За време на средбите, како што соопштија...

Поради маглата, откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

На скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради големата магла, откажани се неколку летови, а дел се пренасочени на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Поради густа магла, од синоќа два лета во пристигнување, кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид,...

За 24 часа, 3.851 бегалец влегле во Македонија

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди на вкупно 3.851 странски државјанин, од кои 1.595 се од машки пол, 756 се од женски, 1.264 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 236 се деца што патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана...

Иванов, Вељаноски и политичките партии упатија честитки по повод празникот

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Свети Климент е основоположник на Охридската книжевна школа, чии ученици станаа учители на словенскиот свет....

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Македонија денеска го чествува државниот и црковен празник Свети Климент Охридски, на кој се одбележува делото на словенскиот писател и просветител, првиот словенски епископ и основач на Охридската книжевна школа. Свети Климент Охридски, заедно со Наум Охридски, е најистакнат ученик на создавачите на словенската азбука и писменост,...

Хан: Ќе дадеме поддршка за преговори ако има успешни избори

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, синоќа во Брисел се сретнал со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за имплементацијата на Договорот од Пржино, приоритетните реформи во Македонија, како и за мигрантската криза. Попоски и Хан, во однос на спроведувањето на...

Магливо и студено време

Времето денеска ќе биде студено и магливо, со мала облачност. Во попладневните часови се очекува намалување на маглата. На повисоките делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус пет до два Целзиусови степени,...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...