fbpx

Груевски денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето

-

Премиерот Никола Груевски денеска, во 11 часот, на седницата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето, треба да се појави како сведок предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Според распоредот, кој во понеделникот го најави претседателот на комисијата, Петре Шилегов, утре како сведоци треба да се појават Мартин Протоѓер и Зоран Ставрески, а в петок – Сашо Мијалков.

За следната недела се закажани сведочењата на Гордана Јанкулоска, в понеделник, и на Миле Јанакиески, во вторник.

Шилегов во понеделникот рече дека распоредот е јавен повик до лицата во посочените термини да се јават пред Анкетната комисија и да дадат сопствена изјава за фактите, околностите и за содржината за објавените прислушувани разговори.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ, од каде го обвинија Шилегов дека сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата анкетна комисија да е негова приватна сопственост и играчка.

Антонио Милошоски побара седниците на кои ќе сведочат сведоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ да не бидат отворени за јавност.

Според деловникот за работа на комисијата, сведоците можат да побараат седниците да бидат затворени за јавност, но, исто така, тоа можат да го побараат и членовите на комисијата со мнозинство гласови. Сведоците што ќе бидат повикани од Анкетната комисија немаат законска обврска да прифатат да сведочат.

Сите активности на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да завршат до 22 јануари 2016 година, а извештајот на комисијата треба да биде готов до 31 јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...