среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: сведок | 31 резултати

Загрозениот сведок во „Монструм“ кажа дека видел четири тела кај Смилковско езеро

август 24, 2018

Во Кривичниот суд за време на сослушувањето на загрозениот сведок од предметот „Монструм“, тој кажа дека на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро видел четири тела. Претходно адвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер […]

Зекири во судница препозна двајца напаѓачи на Села, кои барале „албанска крв“

април 16, 2018

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во сведочењето во Основен суд Скопје 1 за обидот за убиство на Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, рече дека во обвинетите препознал двајца што го извлекле Села од групата пратеници.  Друг сведок пак рече дека од насилниците се слушало дека бараат „албанска крв“. […]

Талат Џафери во судница препозна петмина од напаѓачите на Села

април 10, 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери како сведок за обидот за убиство на Зијадин Села во парламентот на 27 април лани, препозна пет од 10-те обвинети, кои на денешното судење во Основниот суд Скопје 1 беа донесени од притвор. Џафери ги посочи обвинетите Стојан Павлески, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошавковски. -Тие беа […]

Рочиштето за „Тарифа“ прекинато, откако му се слоши на сведок, следното закажано за 1 март

февруари 13, 2018

Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прекина денешното рочиште за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, откако на вториот сведок, Влатко Чакаровски, му се слоши во судницата додека даваше исказ. Тој рече дека и вчера не се чувствувал добро и бил советуван од лекар да земе […]

Рочиштето за Села ќе продолжи на 19 февруари, сведокот ја смени изјавата од истрагата

февруари 8, 2018

Денешното судско рочиште на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и обидот за негово убиство во Собранието на 27 април, траеше седум часа, а беа испрашани само двајца сведоци. Адвокатот на Села рече дека лидерот на Алијансата за Албанците нема да дојде и да сведочи поради партиски обврски, но и затоа што расправата […]

Врховен ја укина пресудата против Костовски за шпионажа, а ја потврди за прислушувањето

декември 15, 2017

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Звонко Костовски беше осуден за шпионажа во случајот „Пуч“ и предметот во овој дел го враќа на повторно судење во првостепениот суд. Истовремено Врховниот суд ја потврдил одлуката на Кривичниот суд за делото неовластено прислушување и тонско снимање, за што Костовски доби една […]

Рочиштето за „Сопот“ одложено – сведокот немал важечка лична карта

ноември 23, 2017

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ во Основен суд Скопје 1 беше одложено, откако судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами. Следното рочиште, како што кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска, ќе се одржи на 20 декември. Денешното рочиште требаше да почне со сведочењето на Бајрами, но кога тој требаше да се идентификува, покажа стара […]

Адвокатот Додевски повикан како сведок во СЈО за случајот „Талир“

јуни 10, 2017

Aдвокатот Никола Додевски ќе биде повикан како сведок во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“ и тој нема да може да биде адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, за овој случај, кој е првоосомничен пишува порталот „Сакам да кажам“ (www. sdk.mk). Од Специјалното јавното обвинителство ја потврдиле информацијата, но не кажале […]

Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

мај 23, 2017

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции […]

ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

ноември 20, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). – Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската […]

Истрагата за случајот на Крпач по три месеци од „интензивна“ премина во „активна“

јули 11, 2016

Скопското обвинителство по речиси три месеци сè уште „активно постапува“, односно води предистражна постапка за случајот на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во Капиштец со прострелна рана во градите. Обвинителството на 2 јуни соопшти дека досегашната истрага покажала дека Крпач се самоубил, но дека постапката по предметот продолжува […]

СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

јуни 3, 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за […]

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

мај 3, 2016

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач. Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот. Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни […]

Кривичен суд: На барање на СЈО, издадовме налог за претрес во домот на Крпач

април 28, 2016

Судија на претходна постапка, на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Оттаму додаваат дека од судот била издадена и наредба за одземање документи од Централниот регистар за две фирми, од кои на една, во одреден период, […]

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

април 28, 2016

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. „Ова јавно обвинителство поседува докази за многу […]

СЈО: Крпач доброволно се јави како сведок, знаеме за притисоци врз него

април 28, 2016

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) најостро ги демантира наводите на одредени медиуми дека правело каков било притисок врз сега покојниот Коста Крпач. „Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова јавно обвинителство и имаше својство на сведок во рамки […]

Ахмети три часa сведочеше во СЈО: Без емоции и без етнички предрасуди до вистината

март 3, 2016

„Ја извршив својата должност и одговорив на поканата на Специјалното јавно обвинителство, институција која е консензуално избрана со волјата на сите политички партии во земјава за да се расветли вистината за сето она што се случило во Македонија“. Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по сведочењето во СЈО, кое […]

Али Ахмети се појави како сведок во Специјалното јавно обвинителство

март 3, 2016

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби, денеска, точно во 14 часот, дојде на разговор како сведок во Специјалното јавно обвинителство. Пред да влезе, лидерот на ДУИ не даде изјава за медиумите. Од СЈО известија дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, […]

Груевски: Не сум добил покана да бидам сведок во „Пуч“

март 2, 2016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека не добил покана за денешното рочиште за „Пуч“, кое беше одложено по деветти пат. Според него, случајот намерно се одолжува. – Ниту сум знаел дека треба да се појавам денеска на суд ниту, пак, некој ме известил. Ако имаат некаква белешка дека сум известен, слободно нека ја покажат во јавноста. […]

Али Ахмети повикан на разговор во СЈО како сведок

март 1, 2016

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Оттаму велат дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, но во интерес на предистражната постапка, не откриваат за кој случај точно станува збор. – Лицето […]

Страна 1 од 2