fbpx

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

-

Македонија денеска го чествува државниот и црковен празник Свети Климент Охридски, на кој се одбележува делото на словенскиот писател и просветител, првиот словенски епископ и основач на Охридската книжевна школа.

Свети Климент Охридски, заедно со Наум Охридски, е најистакнат ученик на создавачите на словенската азбука и писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и е најверен продолжувач на нивното дело.

Во чест на празникот, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а под покровителство на претседателот на владата на Република Македонија, одржа свечена академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Во своето излагање, поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, порача дека „во овие тешки времиња на постојани искушенија, видливо спротиставени политички интереси на големите сили ќе опстоиме само доколку сме единствени, доколку ги зачуваме црквата, државата, јазикот, името и сè што е наше македонско“.

По повод празникот, во свечената сала на македонското Собранието денеска ќе бидат доделени годинешните државни награди „Св. Климент Охридски“ за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Наградите за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе ги добијат проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог, и проф. д-р Ратомир Грозданоски, теолог, библист и филолог. За остварување во областа на културата и на уметноста наградата „Св. Климент Охридски“ ќе му се додели на поетот и литературен критичар Раде Силјан, а докторката Аспазија Софијанова ќе биде наградена за остварување во областа на здравството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...