fbpx
Македонија Страница 1679

Македонија

„Брима Галуп“: 33,3 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ

На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори, 33,3 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ. Ова го покажува најновата анкета на агенцијата за истражување на јавно мислење „Брима Галуп“, направена во соработка...

Пуштена во употреба Детската клиника во Козле

Детската клиника во Козле е пуштена во употреба. Клиниката се градеше три години и се простира на 6.500 квадратни метри. Инвестицијата вреди 8 милиони евра, а новата инфраструктура на болницата ќе овозможи повисок стандард на здравствени услуги. Клиниката е изградена на местото на старите бараки, кои беа...

Заев: Целта ни е да има кристално чисти избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на 19. програмски конгрес на партијата, изјави дека СДСМ го зацртува патот на поинаква, напредна Македонија, земја на еднакви граѓани. - Во финалето сме. Финале што ги испраќа Никола Груевски и расипничката власт во историјата. Тоа веќе се случува. Нема бегање...

Во последните 24 часа влегле 3.422 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.422 мигранти. Од нив, најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.210, од Авганистан биле регистрирани 1.018 мигранти, а 1.194 се од Ирак. Од 19 јуни, кога...

ЛДП: Сваровски-судството направи ерозија на правосудниот систем

Власта направи целосна ерозија на квалитетот, стручноста и на моралот на правосудството во Македонија, се вели во соопштението на ЛДП. Генералниот секретар на форумот на жени на ЛДП, Даница Чадиева, обвини дека „власта од судството направи мрежа од роднински, брачни и од вонбрачни партиски судии.“ - Денес,...

Од „Студентски пленум“ бараат став од ректорот на УКИМ за изградба на факултетите

Студентите од „Студентски пленум“ побараа став од ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за изградбата на двата нови факултети во кампусот на УКИМ, за кои е предвидено да бидат во барокен стил. Тие објавија фотографија на нивниот фејсбук-профил, со која го повикуваат ректорот...

Денеска ќе се одржи програмски конгрес на СДСМ

Денеска ќе се одржи програмскиот конгрес на СДСМ, а од партијат велат дека тој е отворен за заинтересираните експерти и за претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата програма за граѓаните и за Македонија. – СДСМ ја повикува стручната и граѓанската...

Времето денеска сончево и ведро

Времето денеска ќе биде сончево и ведро, со максимална темпертура до 13 Целзиусови степени. Слаба магла е забележана низ котлините. Утринава, речиси секаде низ земјава била измерена температура под нулата, а најстудено било во Берово со темепратура од -7 Целзиусови степени.

Лидерска средба закажана за вторник

За вторник е закажана лидерска средба, на која лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, ќе одлучуваат за тројцата експерти за Државната изборна комисија и за медиумите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува наредната недела да се постигне договор за двете отворени...

Заев: Нема институции кои ќе интервенираат за каков било вид на насилство

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати на завршната конференција „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“, што се одржа денеска во Скопје. Тој истакна дека не постојат институции кои директно се задолжени и имаат силна можност за интервенционизам, за...

СДСМ бара оставка од Коце Трајановски за сечењето на дрвјата кај УКИМ

СДСМ побара оставка од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, по сечата на дрвјата што се случи ноќеска по полноќ, околу 2.30 часот, во паркот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. - Додека граѓаните со денови се задушуваат во нечист воздух, извршителот на Никола Груевски, Коце Трајановски, продолжува...

Александар Нешкоски бара од Катица Јанева да го расчисти случајот со убиството на Мартин

Братот на убиениот Мартин Нешкоски, Александар Нешкоски, испрати писмо до специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во кое бара „да се отвори постапка за целосно расчистување на прикривањето на убиството на неговиот брат и за утврдување можна инволвираност на други лица во прикривањето на фактите...

Се подготвува теренот кај УКИМ за изградба на два факултети во барокен стил

Градежните екипи го подготвуваат теренот кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за изградба на Факултет за физичка култура и Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерстви (ФИНКИ) кои според планот за градба, предвидени се да бидат во барокен стил. За таа цел, исечени се...

Во последните 24 часа издадени потврди на 5.255 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 5.255 мигранти. Од нив, најголем број се државјани на Сирија, вкупно 3.070, од Авганистан биле регистрирани 905 мигранти, а 1.280 се од Ирак. Од 19 јуни, кога...

Општина Аеродром преку брошура ќе ги едуцира граѓаните за загадувањето

„Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот?“, е насловот на брошурата што од денеска Општина Аеродром ќе им ја дели на граѓаните на својата територија. - Целта е преку оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенти при затоплување...

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска ќе биде сончево и потопло. Утрата ќе бидат студени со температура од -7 до 1 степен. Ќе дува слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и потопло со...

Мобилен парламент: Прогласувањето на Шар Планина за национален парк би било од голема корист

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е од голема важност за локалното население што живее во оваа планинска област, a корист ќе има и градот Тетово и целата држава. Ова се ставовите на учесниците на Мобилниот парламент, кој денеска се одржа во Тетово со наслов...

Заев: Груевски ја нокаутираше Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Општина Струмица, одговарајќи на новинарско прашање за интервјуто на премиерот Никола Груевски, во кое тој политичката ситуација ја споредува со бокс-меч, рече дека најверојатно премиерот се кае поради тоа што не дал оставка, па затоа се претставува како...

Шилегов: Мијалков се плаши од вистината

„Денеска присуствувавме на продолжението на сагата наречена ,,да се оневозможи почетокот на работата на Анкетната комисија“. Три дена присуствуваме на иста завршница, но во различни сценарија. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да овозможи пред оваа анкетна комисија да се појават повиканите сведоци и...

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно е дека СДСМ сака да се одложат изборите

Според индиректна потврда што ја добивме со изјава на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, повеќе од очигледно е дека СДСМ сака изборите да се одложат, брифираа од ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека процесот за избор на членови експерти на Државната изборна комисија е закочен затоа што ниту...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...