fbpx

Заев: Целта ни е да има кристално чисти избори

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на 19. програмски конгрес на партијата, изјави дека СДСМ го зацртува патот на поинаква, напредна Македонија, земја на еднакви граѓани.

– Во финалето сме. Финале што ги испраќа Никола Груевски и расипничката власт во историјата. Тоа веќе се случува. Нема бегање од Договорот од Пржино. Специјалното обвинителство е формирано, преодна влада е формирана, за неколку дена Никола Груевски заминува – истакна Заев.

Тој посочи дека СДСМ, заедно со коалициските партнери, се подготвува за чист изборен процес, на којшто ќе биде изразена слободната волја на граѓаните.

– Работиме на создавање услови за фер избори. Еден од најзначајните интереси на граѓаните на Македонија се кристално чисти избори – изјави Заев.

Клучна цел, како што истакна тој, е Македонија да биде земја со бројна и економски стабилна средна класа, а не општество на мала група многу богати и на мнозинство сиромашни граѓани.

– Стабилната средна класа ќе биде гарант и носител на демократска и на слободна Македонија. Сега, во средна класа живеат многу мал процент на домаќинства. За време на оваа власт, Македонија стана држава со најголема социјална раслоеност во Европа. Со политиките на Груевски и на кумот Ставрески, доходот се слева кон мала група луѓе во власта што се богати, а осиромашуваат сите други – истакна Зев.

Заев потсети дека повеќе од 180.000 луѓе живеат со 40 денари на ден, повеќе од 500.000 луѓе живеат под прагот на сиромаштијата, а секоја трета фирма е блокирана и има најмалку 10.000 затворени фирми.

Тој предлага две години по преземањето на власта да се создаде правна основа за јавниот обвинител на Македонија да се избира по предлог на опозицијата.

На конгресот, СДСМ треба да усвои програма што ќе биде преточена во изборна програма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...