fbpx

Шилегов: Мијалков се плаши од вистината

-

„Денеска присуствувавме на продолжението на сагата наречена ,,да се оневозможи почетокот на работата на Анкетната комисија“. Три дена присуствуваме на иста завршница, но во различни сценарија. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да овозможи пред оваа анкетна комисија да се појават повиканите сведоци и тоа сака да го направи според свое определено сценарио“, вели Петре Шилегов, претседател на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

– Денеска, за жал, таквото сценарио беше зачинето со обиди за моја лична дискредитација и тоа го оставам на личното воспитување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата не успеа да изгласа дневен ред како што беше, впрочем, и во средата за да не може официјално да биде повикан Сашо Мијалков на денешната седница да даде своја изјава. Се прават обиди на веќе закажана седница да ѝ се додаваат нови точки на дневен ред. Обидот да се пополнува или дополнува дневниот ред со точки кои веќе се закажани како предмет на работа на комисијата не е ништо друго туку евтин обид да се исценира дека поради недостиг од волја или поради незнаење на претседателот на комисијата, тие точки на дневен ред не се усвоени. Жал ми е што искусни пратеници немаат елементарно познавање на деловникот. Меѓутоа, тоа е нивно – вели Шилегов.

Останува фактот, рече тој, дека денеска е спречен обидот да се појави пред Анкетната комисија Сашо Мијалков, којшто можеше да посведочи за именувањето на судиите, за апсењето на Љубе Бошковски, за сваровски-судиите, за пукањето што било вмровска работа, за нарачувањето пресуди и за ред други работи.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...