вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Sasho Mijalkov | 24 резултати

Нинџа: Сè беше под контрола на УБК и паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

6 декември 2018

Упадот во Собранието на 27 април беше командуван од паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. „За заедничка Македонија“  беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ, која ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај […]

Мијалков не беше донесен в суд, одложено е рочиштето за “Титаник 2“

27 ноември 2018

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, беше одложено. Доколку рочиштето се одржеше, тоа ќе беше прво излегување на Мијалков од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, каде се наоѓа веќе девет дена. Причината за […]

Мијалков денеска првпат излегува од „Шутка“

27 ноември 2018

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска, првпат откако е притворен пред девет дена, ќе излезе од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. Треба да биде спроведен на судењето за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 2. Тој во Кривичниот суд требаше да има судење и минатата седмица, и тоа […]

Сашо Мијалков од притвор денеска треба да биде донесен на судење за „Тврдина-Таргет“

21 ноември 2018

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој вчеравечер заврши во притвор, денеска од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари треба да биде донесен со полициско комби во Основен суд Скопје 1, каде му се суди во случајот „Таргет -Тврдина“. Мијалков беше приведен од хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, откако му […]

Ристовска: Мијалков бил организатор на прислушувањето, имаме и докази и сведоци

31 август 2018

Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и разузнавање (УБК) во МВР, е креатор на идејата за масовно прислушување, воден од политички и бизнис интереси. СЈО за да ја докаже неговата вина, има обезбедено многу докази, но и сведоци, кои помогнаа во обелоденувањето на аферата и расветлувањето на мотивите, порача специјалната обвинителка Ленче Ристовска […]

Сашо Мијалков повеќе не користи полициско обезбедување

7 август 2018

На поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК, Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување, јави МИА, повикувајќи се на МВР. Одлуката била донесена пред празникот, поради проценка дека повеќе не постојат безбедносни ризици. По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на […]

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Макрадули во врска со судењето со Мијалков

19 јули 2018

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) денеска донесе една пресуда за две жалби во случајот на Јани Макрадули против Република Македонија и две одлуки со кои како несоодветни ги отфрли жалбите на Емрана Хасани против Република Македонија и на Исмет Бајрамовски против Република Македонија. Со тоа ЕСЧП донесе пресуда според жалбата на Јани […]

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 6 јули

22 мај 2018

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори, на 6 јули ќе продолжи судењето по предметот „Титаник 2“, во кој денеска одбраната даде воведни зборови. Во овој предмет на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета […]

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

22 мај 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа […]

Завршни зборови во судењето за луксузниот „мерцедес“, рочишта и за „Трезор“ и за „Шпион“

17 мај 2018

Во Основен суд Скопје 1, денеска повторно судиите и обвинителите се со пополнет распоред, бидејќи ќе се одржат три рочишта од најзначајните судски процеси. Во случајот „Тенк“, во кој, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба […]

Во судница денеска Јанкулоска, Мијалков и Ѓорчев

15 мај 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат две судења – за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и за обидот за убиство на Зијадин Села во нередите во Собранието на 27 април минатата година. Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и […]

Судењето за „Титаник 2“ одложено – Тачи и Ибраими го побараа обвинението на албански

10 мај 2018

Во Основен суд Скопје 1, денеска почна, па набргу беше прекинато, рочиштето од случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Титаник 2“, во кој за бројни нерегуларности на локалните избори во 2013 година се обвинети претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и поранешен […]

Мијалков ја кажа и втората адреса, судењето за „Титаник 2“ продолжува на 10 мај

24 април 2018

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска беа на првото рочиште за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 1. Следното рочиште е закажано за 10 мај. Во врска со […]

Во Кривичен рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“, се очекуваат Мијалков и Кочан

29 март 2018

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат три судења за случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случајот „Трезор“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, половина час подоцна ќе почне судењето за „Труст“, во кое обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, […]

Јеремиќ: Поранешниот македонски режим пере пари преку српската власт

1 декември 2017

Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ, денеска ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и Војислав Спаравало, директорот на фирмата СЦМГ, која ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац. Јеремиќ во изјава за белградската „ТВ Наша“ вели дека чешката компанија […]

Директорите на УБК, БЈБ и врвот на МВР се гоштевале на сметка на државата

13 јули 2017

Фактури од ручеци и од вечери, чија просечна „тежина“ е околу 500 евра, од кои дел биле и во време на влошена безбедносна ситуација, презентираше денеска МВР. На фактурите се дел од трошењата за репрезентација на поранешните првите луѓе на МВР и на нивните заменици и помошници, како и на директорите на Управата за безбедност […]

Расправата за „Тврдина 2“ се одложи, Шврговски не стасал да го види предметот

3 јули 2017

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“, на кое требаше да почне главната расправа, се одложи за 26 септември, на барање на Љупчо Шврговски и на Миле Петровски, застапници на обвинетите. Шврговски од судијката Лидија Петровска побара да го одложи рочиштето бидејќи, како што рече, непосредно пред неговото одржување бил ангажиран за бранител […]

Горан Николовски – шеф на УБК, Лазо Велковски – на БЈБ, Владата донесе предлог за смена на Зврлевски

16 јуни 2017

На седницата што се одржува попладнево, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, и ги избра новите  директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, односно деловите на МВР кои се задолжени за полициските сили и за тајната полиција […]

ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ: Сè е чисто во тендерот за ископ на јаглен за РЕК „Битола“

7 април 2017

ЕЛЕМ и ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираа на денешната прес-конференција на Васко Ковачевски од СДСМ, велејќи дека новиот тендер за избор на фирма за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ е според прописите и законите. Ковачевски обвини дека тендерот со фирмата „Марковски компани“  е склучен без претходно да биде објавен оглас. „АД Електрани на Македонија […]

СДСМ: Набргу ќе продолжат демократските процеси

5 април 2017

„Потребни се демократски начела, пристојност и здрав разум! Затоа е таква и вчерашната порака на амбасадорот на САД, Џес Бејли, дека на декларираното мнозинство според Устав и закон мора да му се овозможи да го избере новиот претседател на Собранието, како и да се овозможи понатамошно одвивање на процесите со брзо формирање на новата влада! […]

Страна 1 од 1