fbpx

Сашо Мијалков доби три години затвор, Мендух Тачи три години и два месеци

-

Шест лица денеска добија затворски казни од Судот во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, за направени изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година.

Најголема казна, од четири и пол години, доби поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими. Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи доби казна затвор од три години и два месеци, додека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор во траење од три години.

Три години затвор добија и поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

Сите се осудени за делото злоупотреба на службената положба, освен Сашо Мијалков кој е осуден за примање награда за противзаконито влијание.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор до правосилноста на одлуката за Сашо Мијалков и за Бедредин Ибраими поради опасност од бегство. За останатите осудени обвинителката побара мерки на претпазливост.

По барањето за определување притвор за Ибраими, тој пред судот рече дека не му било дозволено да направи примопредавање на одредени документи со кои ќе покажел дека не е сторено кривично дело ниту пак некој би имал корист од сторување на такво кривично дело за кое СЈО го гони.

Тој рече дека обвинителката Фетаи „не можела да бара тоа што нејзе ќе и текне“.

– Обвинителката е толку смела и се однесува како да се наоѓа во периодот на 40-те години, односно во времето на Југославија. Обвинителниот акт е поднесен со задоцнување од 25 дена. Не може таа да бара што ќе и текне, да ме обвинува дека не сум го почитувал судот, па дури и да бара мерка притвор. Ќе ви кажам дека Бедредин тука е роден, тука ќе остане и тука ќе умре и се надевам дека повисоките судски инстанци ќе докажат дека обвинителката не е во право, а изненаден сум и од однесувањето на судот – рече Ибраими.

Сите осудени, освен Мендух Тачи, беа присутни на читањето на пресудата.

Според обвинението, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...