Мијалков не беше донесен в суд, одложено е рочиштето за “Титаник 2“

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, беше одложено.

Доколку рочиштето се одржеше, тоа ќе беше прво излегување на Мијалков од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, каде се наоѓа веќе девет дена.

Причината за денешното одложување беше тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана.

Освен Мијалков и Тачи, во предметот се обвинети уште и Бедредин Ибраими од ДПА, потоа Елизабета Стефанова, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.