Во последните 24 часа влегле 3.422 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 3.422 мигранти. Од нив, најголем број се државјани на Сирија, вкупно 1.210, од Авганистан биле регистрирани 1.018 мигранти, а 1.194 се од Ирак.

Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со ноќеска на полноќ, вакви документи, според податоците на МВР, им се издадени на вкупно 334.220 мигранти, кои транзитирале низ територијата на земјава.