fbpx

ЛДП: Сваровски-судството направи ерозија на правосудниот систем

-

Власта направи целосна ерозија на квалитетот, стручноста и на моралот на правосудството во Македонија, се вели во соопштението на ЛДП.

Генералниот секретар на форумот на жени на ЛДП, Даница Чадиева, обвини дека „власта од судството направи мрежа од роднински, брачни и од вонбрачни партиски судии.“

– Денес, од 770 судии, колку што има во Македонија, околу 400 се избрани во време на владеење на оваа власт. Во една ваква хаотична, нарачана судска постава, како граѓаните да очекуваат одлуки донесени врз основа на закон, одлуки во кои правилно е применето материјалното право? – праша Чадиева на трибината на ЛДП во Свети Николе.

За ЛДП, самото постоење на паралелно Специјално јавно обвинителство е доказ дека правосудниот систем во Македонија не фунционира и дека судството е далеку од независно.

– Најголем доказ за тоа дека судството во Македонија не постои, барем она независното, е Катица Јанева и нејзиниот тим. Фактот што специјален јавен обвинител треба да работи на случаи кои во сите други земји се работа на основното обвинителство е уште еден доказ дека Зврлевски одамна требаше да биде заминат –  рече Чадиева.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...