fbpx

Од „Студентски пленум“ бараат став од ректорот на УКИМ за изградба на факултетите

-

Студентите од „Студентски пленум“ побараа став од ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за изградбата на двата нови факултети во кампусот на УКИМ, за кои е предвидено да бидат во барокен стил.

Тие објавија фотографија на нивниот фејсбук-профил, со која го повикуваат ректорот да каже свој став по ова прашање.

Студентите вчера одржаа трибина по повод сечата на дрвјата и подготовка на теренот кај УКИМ за изградба на факултет за физичка култура и факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство.

Од „Студентски пленум“ велат дека одлуката за изградба на овие две нови факултетски згради е проблематична од повеќе аспекти.

– Според наши сознанија, Сенатот воопшто не донел одлука за градење нови објекти кај кампусот на УКИМ. Со тоа сметаме дека наметнатата одлука за изградба на овие објекти е упад во универзитетската автономија. Второ, проблематична е и локацијата бидејќи самиот кампус има проблеми со бројот на студенти. Ако се додадат и студентите во двете нови згради, би се влошила сообраќајната состојба и би се уништил голем дел од зелената површина и дрвјата околу факултетите – изјави Орхан Сулејмани од „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...