fbpx

Заев: Нема институции кои ќе интервенираат за каков било вид на насилство

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати на завршната конференција „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“, што се одржа денеска во Скопје.

Тој истакна дека не постојат институции кои директно се задолжени и имаат силна можност за интервенционизам, за каков било чин на насилство, особено насилството врз жените.

– Во Македонија не можат да се набројат неколку згрижувачки центри, на пример, каде што мајки со деца можат да бидат згрижени. Насилството во ова време кое натежнало на плеќите на секое семејство, за жал, сè повеќе е присутно. Ние го видовме и преку камерите, како полицијата во парламентот примени насилство врз жената пратеник, врз жената новинар и како тоа бесрамно, пред очите на јавноста се случи – изјави Заев.

Тој нагласи дека по последниот конгрес, со зголемувањето на бројките за минимум 40 проценти на рамноправност на половите, жените во СДСМ рамноправно со мажите одлучуваат за сите аспекти на партиските политики и за градењето на програмските определби.

– Еден од темелите на понудата и на програмата знаете дека е враќање на еднаквоста, односно уништување на оваа нееднаквост во Македонија, каде што постои по сите можни основи – изјави Заев.

Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се случи на 13 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...