Обединетата косовска опозиција ѝ порача денеска на владата на Косово дека нема да прифати етнички поделби, ниту да подарува територија.
На протест во Гњилане, опозицијата се изјасни дека е против формирањето заедница на српски општини и воспоставувањето демаркациона линија со Црна Гора.
Протестот завршил мирно, а на него присуствувале неколку илјади граѓани.