fbpx

Битолчани в сабота ќе протестираат поради загаденоста на воздухот

-

Членовите на битолското здружение „За нас се работи“ денеска ги повикаа граѓаните на Битола в сабота да излезат на протест на плоштадот Магнолија поради алармантната долгогодишна состојба со загадениот воздух во Битола и во околината.

Здружението вели дека вината за загадувањето е кај сите нас.

„Секако решението на овој горлив и долгогодишен проблем е, пред сè, во политичката волја, односно, волјата на институциите на системот, во чии раце лежи секое решение на општествените проблеми, особено на оние ексцепционални, кои се загарантирани со Уставот и со законите на Република Македонија“, стои во апелот.

Од „За нас се работи“ велат дека секоја власт во досегашното раководење со државата имала свои приоритети, но оти се добива впечаток дека основните проблеми со загадениот воздух во Битола се далеку на листата на приоритети, како на централната така и на секоја локална власт во изминатиов период.

Здружението бара поддршка за платформата за Битола наречена „Петка за Битола“ во која се наведени пет најитни мерки за справување со загадувањето на воздухот и тоа по хронологија на важност и имплементација на истите.
Тие предлагаат режим на сообраќајот во централното подрачје на градот, прскање на улиците со соодветна хемиска смеса, јавен еколошки градски превоз, субвенционирање на трошоците за електрична енергија на домаќинствата, како и преадаптација на постојната топлификација во институциите, како што се болница, училишта, суд, полиција и приватни субјекти кои загревањето на своите простории го вршат преку согорување тврди горива (мазут).

„Според сите наши досегашни сознанија и анализи, преземањето на овие итни мерки, подразбира ребаланс на општинскиот и на државнот буџет. Но, со оглед на важноста за решение на овој долгогодишен проблем, сметаме дека приоритет треба и мора да се даде на животот и на здравјето на граѓаните од кои секоја досегашна власт, односно политичка партија ја барала довербата и поддршката. Еве го моментот кога сите чинители и создатели на општествените политики имаат можност да ја покажат својата добра волја и разбирање на горливиот проблем на нас битолчани“, велат од здружението во соопштението и додаваат дека платформата „Петка за Битола“ во следните денови ќе биде доставена до сите здруженија на граѓани, политички партии и до други чинители во градот со барање за нејзина поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија е втора најзагадена држава во Европа, според годишниот извештај на IQAir

Само седум земји го исполнуваат меѓународниот стандард за квалитет на воздухот, при што смртоносното загадување на воздухот на места се влошува поради враќањето на економската активност и токсичното влијание...