fbpx
Македонија Страница 1677

Македонија

ЛДП: Јанева итно да го разгледа и да го преземе случајот „Монструм“

Либерално-демократската партија апелира до Специјалното јавно обвинителство итно да го разгледа случајот „Монструм“ и да го преземе во своја надлежност, се вели во соопштението на партијата. Оттаму наведуваат дека станува збор за крајно специфичен и чувствителен предмет, кој е трагичен по својот исход и за жртвите...

Почна да тече рокот за првите обвиненија од Јанева

Според планот за работа, кој специјалната обвинителка Катица Јанева го достави до надлежените институции, од денеска (15 декември) почнува да тече рокот во кој треба да паднат првите обвиненија за случаите кои произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. Кабинетот на Јанева вчера соопшти дека по...

Македонија е последна во регионот во справувањето со клиентелизмот во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор за способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички практики поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од...

Хепатит Б и Ц ве демнат на маникир и на педикир

Хапатитите Б и Ц ве демант  во козметичките салони. Маникир, педикир и тетоважа со нестерилна опрема претставуваат опасност за пренесување на оваа инфекција речиси исто како и незаштитен секс или употреба на иста игла кај наркоманите. Ова се заклучоците од семинарот на НВО „Хепар центар“...

По договорот од Париз, на секои пет години ќе докажуваме дека придонесуваме за зелен развој

Со потпишувањето на историскиот договор за климатските промени во Париз, Македонија на секои пет години ќе биде обврзана да поднесува документ, кој се нарекува Национална детерминирана контрибуција, со што ќе докажува дека придонесува за намалување на глобалното затоплување. - Нема одредено колку проценти годишно треба да...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, треба да разговараат за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. На лидерската средба, заедно со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на...

Јанева поднесе иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба

Специјалното јавно обвинителство попладнево соопшти дека до Владата и до сите пратеници од Собранието поднело иницијатива за донесување закон за јавнообвинителска служба. „Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ја известува јавноста дека со оглед на...

Шилегов: Прв сведок на СДСМ ќе биде Заев и ќе зборува на јавна седница

Претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов, денеска најави дека прв сведок што ќе го повика СДСМ на наредната сесија сведочења ќе биде лидерот на партијата, Зоран Заев. Како што најави претседателот на комисијата, Заев ќе зборува на јавна седница. Одговарајќи на новинарско...

„Студентски пленум“: Има најмалку три други локации за изградба на барокните факултети

Изградбата на објектите за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичка култура е неопходна затоа што студентите студираат во нечовечки услови. Но, сепак, се поставува прашањето дали овие факултети мораше да се изградат баш на оваа локација, сметаат претставниците на...

Миле Јанакиески не се појави како сведок пред Анкетната комисија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, не се појави на сведочење пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Поради отсуството на Јанакиески, членовите на Комисијата не го изгласаа дневниот ред и седницата беше прекината. В четврток, на 17 декември, пред комисијата треба да сведочи...

МВР вчера им издало потврди на 2.653 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало вкупно 2.653 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои на Сирија биле 1.035 државјани, на Ирак 874 и на Авганистан 744. Од 19 јуни...

Загаденоста во Тетово вчера – 20 пати над дозволеното, во Лисиче – 17 пати

Утринава и изминатата ноќ, амбиенталниот воздух достигна рекордни нивоа на загаденост и екстремно високи нивоа на канцерогените честички ПМ10. Во 8 часот утринава, многу високо ниво на ПМ10-честичките беше забележано во скопските населби Лисиче и Гази Баба, како и во Битола и во Тетово. Високо...

Ректоратот ослободен, вработените на своите работни места

Врабoтените во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска се на своите работни места затоа што судентите од „Студентски пленум“ ја прекинаа блокадата пред влезот. Дел од вработените велат дека утринава немало никаква блокада и непречено дошле на своите работни места. За денеска во 11.30...

Денеска претежно сончево, со температура до 12 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со појава на слаба магла во утринските часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен и од југозападен правец. Утринската температура се движи од -6 до 0 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 4 до 12...

Грчкиот претседател со остри пораки до Македонија

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, испрати остра порака до Македонија дека мора да се придржува до европските принципи и право доколку сака да стане дел од европското семејство. Од Софија, по средбата со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, на само неколку дена пред пристигнувањето на шефот...

ССНМ: 77 отсто од медиумските работници се плашат за своето работно место

Нема професионално новинарство додека над глава постои закана од отказ, страв од укинување на медиумот во кој работите преку ноќ, е еден од заклучоците на конференцијата „За медиумските работи“, која беше организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и е дел од проектот...

Продадени плацеви за хотел и за викендички во Кочани

Хотел со површина од близу 6.000 квадратни метри ќе се гради во Кочани, откако денеска на електронска аукција беше купен плац по цена од 313 денари за еден квадратен метар. Плацот за хотелот е еден од 49-те парцели државно земјиште понудени за продажба од Општината...

Миле Хаџиски осуден на 20 години затвор

Скопскиот кривичен суд вторпат го осуди Миле Хаџиски на 20 години затвор за убиството на Мери Јошевска. Судот ја потврди пресудата која на Хаџиски му беше изречена пред 22 години, колку што тој беше во бегство. Според пресудата, Хаџиски на суров начин со 40 убоди...

Груевски: Седницата беше затворена затоа што не сакав СДСМ да прават конфликти

Премиерот Никола Груевски, по сведочењето пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, призна дека не побарал седницата да биде затворена поради класифицирани информации, туку за да не им дозволи на СДСМ да прават театар од сведочењето во комисијата. - Денеска навреме дојдов да...

Груевски кусо и штуро одговарал на прашањата

Одговорите на премиерот Никола Груевски кои моментално ги дава на прашањата на членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, биле многу штури, брифираат извори од комисијата. Како што велат, работата се одвива во мирна атмосфера и досега премиерот не издал никакви класифицирани информации.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...