fbpx

МВР вчера им издало потврди на 2.653 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало вкупно 2.653 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои на Сирија биле 1.035 државјани, на Ирак 874 и на Авганистан 744.

Од 19 јуни до вчера издадени се вкупно 339.494 потврди на странски држајвани, од кои 189.085 се од машки пол, 55.492 се од женски, 77.031 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 17.886 се деца што патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...