fbpx

По договорот од Париз, на секои пет години ќе докажуваме дека придонесуваме за зелен развој

-

Со потпишувањето на историскиот договор за климатските промени во Париз, Македонија на секои пет години ќе биде обврзана да поднесува документ, кој се нарекува Национална детерминирана контрибуција, со што ќе докажува дека придонесува за намалување на глобалното затоплување.

– Нема одредено колку проценти годишно треба да се намали емисијата на стакленички гасови, туку тоа ќе биде континуиран процес, кон кој државите треба да се придржуваат за да се движат кон зелен развој. Целта е до 2100 година глобалното затоплување да не биде поголемо од 1,5 Целзиусов степен, што би значело дека во втората половина на векот треба да заврши ерата на фосилни горива – изјави националниот координатор за климатски промени, Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, која присуствуваше на конференцијата во Париз.

Развиените земји се обврзани да дадат 100 милијарди евра на помалку развиените, за намалување на емисијата на стакленички гасови, како и за намалување на ефектите од климатските промени.

Постигнатиот договор за климатските промени ќе стане обврзувачки кога ќе го ратификуваат 55 држави, кои со повеќе од 55 проценти придонесуваат во глобалното затоплување.

Потпишувањето ќе почне на 22 април 2016 година и државите имаат рок од една година да го потпишат.

Претставници од 195 земји го усвоија договорот за климатски промени на конференцијата во Париз, кој предвидува до крајот на векот да биде ограничен порастот на просечните температури на помалку од два Целзиусови степени, во однос на прединдустрискиот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...