Врабoтените во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска се на своите работни места затоа што судентите од „Студентски пленум“ ја прекинаа блокадата пред влезот. Дел од вработените велат дека утринава немало никаква блокада и непречено дошле на своите работни места.
За денеска во 11.30 часот, преставниците на „Студентски пленум“ и на „Мугра“ имаат закажано прес-конференција пред Ректоратот за нивните понатамошни чекори.
Инаку, и денеска интензивно се работи на просторот каде што треба да никнат зградите на Факултетот за физичка култура и на ФИНКИ.
„Студентски пленум“ вчера ја блокираше влезната врата на Ректоратот како протест против нарашувањето на автономијата на Универзитетот и насилната сеча на дрвјата во кампусот.
Тие бараа деканите на факултетите што се наоѓаат во кампусот на УКИМ да се произнесат за новите објекти што треба да се изградат на тој простор.